ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАЃАНИТЕ – БЕТОНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД УЛИЦАТА „БОГДАН ПРЛИЧКОВ”

Општина Велес ја известува јавноста дека од утре, 30 јуни 2020 година ќе започнат градежните работи за бетонирање на дел од улицата „Богдан Прличков” во должина од околу 190 метри. Поради малата ширина на улицата, не постои можност за истовремено одвивање на сообраќај по улицата  и напоредно изведување на работите. Поради тоа се известуваат граѓаните…

Второ авионско третирање против комарци

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека денес во утринските часови компанијата „Бониер” од  Куманово изврши второ авионско третирање против комарци на подрачјето на Општина Велес. Согласно договорот помеѓу општината и компанијата за авионска апликација на средство за аеросолна дезинсекција, прскањето е изведено  со средството Ciceron 2.0 ulv, биоциден производ за уништување на летечки инсекти…

ВО ПОНЕДЕЛНИК, 29 ЈУНИ – ВТОРО АВИОНСКО ТРЕТИРАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ

Почитувани, Oпштина Велес ја информира јавноста дека второто авионско третирање против комарци ќе се спроведе во понеделник, 29 јуни 2020 година, во периодот од 05:00 до 08:00 часот. Доколку временските услови не дозволат извршување на авионско прскање, активноста се одложува за наредниот ден, 30 јуни 2020 (вторник). Границите на површините кои ќе бидат опфатени се…

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ЈАВНОСТ – ИЗГРАДБА НА ВОДОВОДНА ЛИНИЈА НА УЛИЦА „БОГДАН КАРАКОСТЕВ”

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека утре, 16 јуни 2020 година (вторник), дел од улицата „Богдан Каракостев”, како и раскрсницата помеѓу улиците „Стојан Бурчевски Буридан”, „Ганчо Хаџи Панзов” и „Богдан Каракостев” ќе бидат затворени за одвивање на сообраќајот, поради изведување на градежни работи за поврзување на ново изведена водоводна линија. Според динамиката на извршување…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ – СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека Јавниот повик за доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купување на велосипед за 2020 година се прекинува пред истекот на рокот, 26.06.2020 година, поради исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена. Со почит. Општина Велес

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ (Реконструкција на водоводна линија на улиците „Крсте Мисирков” и „Петре Прличко”)

Почитувани, Општина Велес  ја известува јавноста дека започнувајќи од утре, 9 јуни 2020 година (вторник) ќе започне со изведување на градежни работи со цел реконструкција на водоводната линија на улиците „Крсте Мисирков” и „Петре Прличко”. Градежните работи ќе се одвиваат согласно временските услови и предвидено е да завршат до крајот на месец јуни 2020 година.…

5 ЈУНИ – СВЕТСКИ ДЕН ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите жители на Општина Велес, Ви го честитам 5 јуни, Светскиот ден за заштита на животната средина, со единствена желба интензивно да работиме на зголемување на колективната свест за зачувување на животната средина. Правото на чиста и здрава животна средина е…

Исцрпен буџетот за субвенционирање на сончеви термални колектори

„Бидејќи сите финансиски средства во вкупен износ од 500.000,00 денари предвидени за субвенционирање на соларни сончеви термални колектори се исцрпени, јавниот повик за оваа намена денес се прекинува пред истекот на рокот” изјави на денешната прес конференција градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. За истото јавноста денес беше известена и преку соопштение, објавено на официјалната…

Коцевски со апел за почитување на мерките за заштита од Ковид-19

Градоначалникот Аце Коцевски на денешната прес конференција упати апел до сите граѓани кои планирале во текот на утрешниот ден и за време на викендот да ги посетат вечните почивалиштата на своите најблиски, да се придржуваат и да ги почитуваат мерките за заштита од Ковид-19 и да не ги посетуваат црквите и гробиштата, а храната која…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека Јавниот повик за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор за 2020 година се прекинува пред истекот на рокот – 26.06.2020г., заради исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена. Општина Велес