Информации за начинот на користење на зонското паркирање во Општина Велес

Јавните паркиралишта со кои управува јавното претпријатие се поделени во три зони: А, Б и Ц. Во зона А има три подзони и тоа Подзона А1, вон улично паркирање на паркинг просторот на улица Гоце Делчев (под судот), подзона А2, вон улично паркирање на паркинг простор на улица 8ми Септември (под Градски саат) и Подзона…

СТАРТУВА ЗОНСКОТО ПАРКИРАЊЕ ВО ВЕЛЕС

Јавното претпријатие „ПАРК-СПОРТ И ПАРКИНЗИ“ Велес, по тест периодот за усогласување на системот за евиденција на возила со мобилните оператори, официјално започнува со наплата на услугите на јавните паркинг места по зони, каде што се поставени информативните табли. Повикуваме граѓаните внимателнио да ги следат информациите од таблите и точно да ги внесуваат податоците за возилото…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Истекува рокот на јавните повици за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2021 година и за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор за 2021 година. Сите заинтересирани граѓани можат да поднесат барање за надоместување на трошоците за купен велосипед односно сончев термален колектор, заедно со потребната документација во архивата на…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека од петок, 30 јули 2021 година ќе организира бесплатен автобуски превоз до езеро „Младост”. Согласно спроведената јавна анкета на електронските медиуми во градот, резултатите покажаа голема заинтересираност од страна на жителите на Општина Велес за кориситење на бесплатен превоз до езерото „Младост” во летниот период. Автобусот ќе сообраќа…

ОПШТИНА ВЕЛЕС СО ПРЕПОРАКИ ДО ГРАЃАНИТЕ ЗА ЗАШТИТА ОД ТОПЛОТНИ БРАНОВИ

Според податоците од Управата за хидрометеоролошки работи од утре, 29 јули до недела 01 август, целата територија на земјава ќе биде во портокалова фаза, поради екстремно високите температири кои деновиве ќе го надминат 40-тиот степен. Во препораките за заштита на здравјето на граѓаните, на Министесртвото за здравство, се вклучува и Општина Велес. За да се…

ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ОБЈАВА НА ТЕНДЕР ОД УНДП

Почитувани, Општина Велес ги известува сите правни лица со стручна експертиза од  областа на сообраќајот дека Програмата за развој на Обединетите нации УНДП објави тендер за изработка на Физибилити студија за мрежа за јавен градски превоз и систем на јавен градски превоз во Велес. Тендерот е објавен во рамките на проектот на УНДП „Градење на…

ВОДАТА ВО ЕЗЕРО МЛАДОСТ ИСПРАВНА ЗА КАПЕЊЕ И РЕКРЕАЦИЈА, ВОДАТА ВО РЕКА БАБУНА БАКТЕРИОЛОШКИ НЕИСПРАВНА

Водата во Езерото Младост е исправна за капење и рекреација, покажуваат последните тестирања на Центарот за јавно здравје во Велес. Направени се хемиски и  микробиолошки тестирања на мострa земена од Плажа број 1 и според добиените резултати параметрите се во границите на максимално дозволените граници. Резултатите од лабораториските анализи на мостри земени од водата на…

Програма за Велешко лето 2021

Оваа година во рамки на „Велешко лето 2021“ ќе се организираат концерти од забавен и фолклорен карактер, но и на џез и класична музика, промоции на книги, ликовни изложби, филмски проекции и други мултимедијални проекти, кои ќе се одржат на повеќе локации во градот. Според динамиката на активности во месеците јули и август ќе бидат…

СООПШТЕНИЕ За организирање на јавен увид по Урбанистички проект за ГП 1 за формирање на градежна парцела 1.1 со намена А1-домување во станбени куќи-слободностоечки, на КП 1242/1, КО Каласлари, Општина Велес

С О О П Ш Т Е Н И Е За организирање на јавен увид по Урбанистички проект за ГП 1 за формирање на градежна парцела 1.1 со намена А1-домување во станбени куќи-слободностоечки, на КП 1242/1, КО Каласлари, Општина Велес Граници на опфатот за КП бр.1242/1, КО Каласлари се: – на северозападна страна опфатот се…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека Јавниот повик за субвенционирање на физички лица за купен Инвертер клима уред за 2021 година трае до четврток (08.07.2021). Сите заинтересирани граѓани можат да достават барање за субвенционирање во архива на Општина Велес до утре четврток (08.07.2021 година) до 12:00 часот. Со почит Општина Велес