Соопштение за организирање на јавен увид по урбанистички проект за центар на град Велес

Врз основа на член 62, став 10 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, … и 32/20), член 50, точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл.Весник на РМ бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл.Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното: С…

Да ја чуваме планетата Земја, само така ќе имаме здрав и среќен живот

Имаме само една планета Земја, наша, единствена. Како ќе се однесуваме кон неа, така таа ќе ни возврати. Затоа да бидеме свесни и совесни, да ја чуваме и негуваме и да се грижиме за неа како за сопственото здравје, за животот. Денешниов ден, 22 април, кога се одбележува светскиот ден на планетата Земја, да ни…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОЛЕТНА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ГАБАРИТЕН ОТПАД

Почитувани сограѓани, Поради кризната состојба предизвикана од вирусот Ковид-19, Пролетната акција за собирање на габаритен отпад ќе се спроведе исклучително во периодот од 6 мај до 8 мај 2021 година. Ја имате можноста потребата за собирање на габаритниот отпад од вашите домови да ја пријавите во ЈКП „Дервен”, најдоцна до 5 мај 2021 година (среда), секој…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Велес дека од петок, 09 април 2021 година, ќе започнат градежни работи за рехабилитација  на завршен слој на асфалтот на дел од ул. „Благој Ѓорев“ и дел од ул. „8ми Септември“ и тоа од раскрсницата кон ЈЗУ Здравен дом Велес (Брза помош), на спојот со ул.„Шевки Сали“ до раскрсницата кај јаворите…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ СО РЕАКЦИИ ЗА НЕГАТИВНИТЕ КОМЕНТАРИ ЗА ИЗГРАДБАТА НА ПАЗАРОТ

Почетокот на изградбата на новиот пазар предизвика многу реакции во јавноста. Реакциите се воглавно позитивни затоа што граѓаните со нетрпение очекуваа да започне изградбата на пазарот. Градоначалникот Коцевски е изненаден од коментарите на поранешни и сегашни функционери кои на социјалните мрежи коментирале за доцнењето на изградбата. „Живееме во демократско време секој има право да го…

НЕПОЗНАТИ СТОРИТЕЛИ ИСЕКЛЕ 14 САДНИЦИ СО ПИЛА НА УЛИЦА АСНОМ

Непознати сторители, со пила исекле 14 садници во одлична вегетациска состојба на улица „АСНОМ“. Немилиот настан се случил на 29 и 30 март, кога сторителите делото го сториле со намера и при тоа направиле огромна штета, информираше градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. „Сторителот кога го вршел дејствието немал во предвид дека ова е дел…

ОПАСЕН ОТПАД ОД КРЗНАРАТА „ДИМКО МИТРЕВ“ СЕ ИЗВЕЗУВА

Опасен отпад од фабриката за производство на крзно и крзнени производи АД „Димко Митрев“, кој  претходно завршуваше во река Вардар, одсега се извезува. На 26 март годинава, се извезе првата количина од овој отпад од 21,5 тон кој се создава од обезмастување на кожите и истиот содржи растворувач прехлоретилен. За да добие Б-Интегрирана дозвола, Крзнарата…

ЕПИДЕМИОЛОШКАТА СОСТОЈБА ВО ВЕЛЕС Е АЛАРМАНТНА

Алармантна е Ковид состојбата во Велес и велешко, оцени денеска општинскиот штаб за заштита и спасување на триесет и четвртата седница. Градоначалникот Коцевски и штабот даваат целосна поддршка на мерките што ги донесе Владата по предлог на Комисијата за заразни болести. Препорачуваат граѓаните строго да ги почитуваат и кога ќе им дојде редот без двоумење…

ЗАПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА НОВИОТ ГРАДСКИ ПАЗАР ВО ВЕЛЕС

Во сабота на 03.04 2021 година, со почеток во 11:00 часот Општина Велес организира свечен настан по повод започнување на изградбата на новиот Градски пазар. Настанот ќе се одржи на горната платформа на веќе постоечкиот пазар. На свеченоста по повод отпочнувањето на градежните работи на пазарот, ќе присуствуваат градоначалникот Аце Коцевски, претседателот на Владата на…

Известување

Се известуваат граѓаните на Велес дека утре, 27 март 2021 година, со почеток во 20.30 часот ќе се изгаснат светлата на платото пред Основен суд Велес и на Мало Мовче, по повод одбележувањето на ,,Часот на планетата Земја“. Осветлувањето ќе биде исклучено еден час до 21.30 часот. Со овој симболичен настан, со исклучување на светлата…