ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БОРЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Денеска се одбележуваат 75 години од крајот на граѓанската војна во Грција во која својот живот го положија борците од Егејска Македонија, 78 години од смртта на Мирка Гинова и 76 години од егзодусот на децата бегалци. Пред спомен бистата на Мирка Гинова и спомен плочата на која се испишани имињата на 105 доброволци учесници…

ВЕЛОСИПЕДСКИ ХЕПЕНИНГ НА ПАМПТРАК ВО ГРАДСКИ ПАРК, ВЕЧЕРВА КОНЦЕРТ НА ВЕЛЕШКА ЧАЛГИЈА НА КОЈНИК

Велосипедскиот хепенинг на памптрак стазата во Градски парк, вчеравечер, беше вистинско доживување за учесниците и граѓаните кои што го следеа. Учесниците се натпреваруваа во техничко-брзинско возење во должина од три круга и ги покажаа своите вештини во совладување на патеката. За време на настанот имаше и бесплатно сервисирање на велосипеди но и обука за правилно…

Одлука за неспроведување на стратегиска оцена, за планскиот документ Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план со намена Г2.2 – Индустрија за производство на храна – згради од прехрамбена индустрија-фабрички комплекси, индустриски работилници, хали за монтажа и складови на дел од КП 12928, КО Велес, Општина Велес

Врз основа на член 65 став (6) од Законот за животната средина (Службен весник на  РМ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 124/12, 93/13,  187/13, 42/14, 44/15, 129/15, 192/15, 39/16, 99/18 18 и “Службен весник на РСМ“ 89/22, 171/22), Градоначалникот на Општина  Велес,  донесесе   Одлука за неспроведување на стратегиска оцена   За…

КОНЦЕРТ НА ВЕЛЕШКА ЧАЛГИЈА НА КОЈНИК

Настап на Велешката чалгија ќе биде дел од програмата на Велешко лето 2024.  Концертот ќе се одржи на 19 јули, петок, со почеток во 20 часот на Плоштад Којник. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во старите велешки песни кои членовите на Велешката чалгија ги пренесуваат низ генерациите Општина Велес ги поканува граѓаните да го…

ЛИКОВЕН И ПОЕТСКИ КОНКУРС НА ТЕМА „ЛЕТО ВО ВЕЛЕС“

Во рамки на Велешко лето 2024, Општина Велес во соработка со Локална библиотека „Гоце Делчев“ распишува ликовен и поетски конкурс  на тема „Лето во Велес“. На конкурсот можат да учествуваат деца и млади на возраст до 18 години кои ќе бидат поделени во три категории. Заинтересираните своите ликовни творби можат да ги достават по пошта…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“

Градежни активности на левата страна на градот продолжуваат. Во тек е реконструкција на дел од улицата „Петре Прличко“ кон автобуската станица. Моментално на улицата се изведуваат градежни работи за гребење на стариот асфалт по што ќе следува поставување на нов асфалтен слој на улицата.

Извршена е втора аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес

Почитувани,  Ве информираме дека во раните утрински часови е извршена аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес, со третирањето е опфатена површина од 2000 хектари.  Општината оваа активност ја спроведува како општа мерка за заштита на населението од заразни болести. Обезбедени се буџетски средства за уште едно авионско прскања.  Аеросолната адултицидна дезинсекција за заштита од…

Извршен надзор за спроведување на втора аеросолна дезинсекција на територијата на Општина Велес

Почитувани, Под надзор од стручно лице од Центар за јавно здравје Велес, во 17:30 часот во Пеширово Свети Николе се изврши полнење на авионот со средство за аеросолна дезинсекција. По спроведена постапка за извршување на овие активности избран е операторот „Бониер“ Куманово. Согласно договорот помеѓу општината и операторот,  за авионска апликација на средство за аеросолна…