УЧИЛИШТАТА ВО ВЕЛЕС НЕ ОРГАНИЗИРААТ ФОТОГРАФИРАЊЕ НА ПОЛУМАТУРАНТИТЕ И МАТУРАНТИТЕ

„Сите основни и средни општински училишта ги почитуваат насоките и препораките кои јас им ги упатив како градоначалник и не организираат сликање на ученици од деветто одделение и ученици од четврта година” истакна градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. Тој додаде дека уписот на првачињата е во тек и според информациите и изјавите на директорите…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ

Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека Јавниот повик за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор за 2020 година се прекинува пред истекот на рокот – 26.06.2020г., заради исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена. Општина Велес

Голем интерес за субвенции за сончеви колектори и велосипеди

„Велешани покажуваат голема еколошка свест“, оцени денеска градоначалникот Аце Коцевски по големиот интерес на велешани да се пријават на повикот за субвенционирање на купен сончев термален колектор и за купен велосипед. По само два дена од објавувањето на јавниот повик, денеска до крајот на работното време во Општина Велес 86 граѓани поднеле барање за субвенции…

Велес во меѓународен проект за културно наследство

Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција го одобри проектот на Француската асоцијација „Ситé е Ситé“ со седиште во Бордо, во партнерство со  асоцијацијата на градови од Македонија со  архитектонско наследство со седиште во Велес, Министерството за култура, македонските градови и универзитетите како и во соработка со партнери од Република Албанија: Институтот за…

Општина Велес во апликација на европски проекти

Денеска Општина Велес го заврши процесот на апликација на 4 проекти на Европската програма ИПА ИНТЕРРЕГ за прекугранична соработка со Република Грција како и еден проект во грантовата шема за социјална инклузија финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка. Градоначалникот Коцевски ја информираше јавноста за темите на проектните апликации: –          Проект за изградба на…

ВО ТЕК ДВАЕСЕТИНА ИНФРАСТРУКТУРНИ ПРОЕКТИ

Градоначалникот Коцевски денеска информираше за тековните инфраструктурни проекти во Велес. Интензивно се работи на санација на карпата во месноста „Цуцка“, се работи на проектот СМАРТ езеро Младост финансиран од ЕУ , во кој се уредува еко- кампот и паркот на авантури, се работи на пешачката патека и наскоро се очекува да биде асфалтиран и патот…

Коцевски со апел до граѓаните да се почитуваат мерките

Со став дека не треба да се олабавуваат превентивните мерки против ширењето на заразата со Ковид 19, особено пред претстојниот продолжен викенд, градоначалникот Аце Коцевски  упати апел за почитување на утврдените мерки за превенција, задолжително носење заштитна опрема и користење на дезинфекциски средства. „Имам впечаток таму каде што се движам дека не се почитуваат мерките…

Зголемен бројот на боледувања во велешката болница

Градоначалникот Аце Коцевски денеска ја информираше јавноста дека е регистриран зголемен број на барања за боледување од страна на медицинскиот персонал во велешката болница. Поради состојбите, директорот на болницата упатил барање до матичните лекари да бидат особено внимателни при издавањето на боледувања за медицинскиот персонал кој е неопходен во услови на кризата предизвикана од Ковид…

Пазарот во Нова населба останува затворен

Пазарот во Нова населба останува затворен. Оваа одлука на Штабот за заштита и спасување, денеска на прес прес конференција ја соопшти градоначалникот Аце Коцевски. Пазарот останува затворен затоа што Штабот оценил дека нема доволна вентилација поради затворениот простор во кој е сместен. Оваа одлука ќе остане на сила до крајот на наредната недела. Градскиот пазар…

Велес денес без нови случаи на Ковид 19

На денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски ги презентираше информациите и заклучоците на Општинскиот штаб за заштита и спасување кој се состана утринава. Како што информираше градоначалникот, денес нема регистрирано нови заболени од Ковид 19 во Велес, регистрирани се 3 лица кои оздравеле. Двајца се на инфективно одделение и еден на домашно лекување. Се очекува…