Ново санитетско возило – донација за велешката болница од Дрекселмајер

Денес велешката болница официјално ја прими долгоочекуваната донација од германската компанија Дрекселмајер. Се работи за санитетско возило со кое ќе се зголеми возниот парк на болницата. Ова ќе придонесе за подобрување на ефикасноста и ефективноста на услугите кои болницата ги нуди кон граѓаните на Општина Велес. „И во иднина ќе реализираме многу проекти во овој…

ПРОМОВИРАНА СТИХОЗБИРКАТА ,,21″ НА ИГОР КРАЈЧЕВ

Второто издание на најновото поетско остварување ,,21″ од меѓународно признатиот поет Игор Крајчев од Велес, вчеравечер беше промовирано во Локалната библиотека ,,Гоце Делчев”. Пред големиот број присутни, промотивни говори за претставникот на новата генерација поети од Велес, добитник на наградата „Јован Котески 2019”, но и на многу други престижни награди, со повеќе објавени книжевни дела…

Велешанецот Мијак повторно со изложба во САД

Творештвото на врвниот ликовен уметник од Велес, Александар Јовановски Мијак повторно претставено пред љубопитните очи на вљубениците во уметноста од Соединетите Американски Држави. По дванаесетти пат, во септември оваа година над триесет уметнички дела, графики и слики, беа презентирани на три самостојни изложби. Првата беше отворена во Тотова, Њу Џерси, втората во Marble House Mansion,…

Изненадување од Алзас – со велешка песна до срцата на граѓаните

Деновиве во Велес заедно одекнаа алзашката, француската и нашата македонска песна. Реномираниот алзашки музичар Рене Егл и групата „Кутерн“ ги изненадија граѓаните.   Во повеќе наврати во Велес и Росоман како и за претставниците на бизнис секторот  ја изведоа староградската песна „Елено, ќерко Елено“ и ги освоија срцата на сите што ги видоа и слушнаа.…

По трагите на традицијата со Керамичар

Со звуците на познатите македонски песни и специфичностите на македонскиот традиционален фолклор, вечерва Културно уметничкото друштво „Керамичар” од Велес одржа втор концерт, со што ја одбележа 65-годишнината од своето постоење и успешно делување. Под името ,,Трагите на традицијата и фолкорот во нас “, во преполната спортска сала на ООУ „Блаже Конески”, велешани имаа можност да…

Промовирани нови изданија на Браево писмо

По повод 15 Октомври, Меѓународниот Ден на Белиот стап, денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев” беа промовирани четири нови изданија на книги на Браево писмо за слепите и слабовидните лица кои живеат во Велес. Изданијата,,Волшебното самарче”, „Коста е наш”,„Алиса во земјата на чудата” и ,,Вујко Вања” беа промовирани од страна на Здружението на слепи лица…

Асоцијацијата „АЛМА“ со донација за ТППЕ Велес

Во рамки на официјалната програма во одбележувањето на јубилејот 40 години од отворањето на Спомен-костурницата на загинатите борци во НОВ од Велес и велешко, делегација од регионот Алзас од Република Франција денес оствари средба со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Посетата на француската делегација е во организација на Асоцијацијата „Алзас – Македонија” („АЛМА”), чијшто…

Првата сензорна детска градинка во Велес

Сензорниот и моторниот развој кај децата од предучилишна возраст ќе се зајакне и стимулира со новоотворениот сензорен двор односно сензорна градина, која денес во објектот „Маргаритки” на ОЈУДГ „Димче Мирчев” во населбата „Дворови” во Велес беше официјално ставена во употреба. ,,Благодарност до вработените во детската градинка и општествено одговорните компании кои го препознаа значењето на…