ПОКАНА ЗА СЕДНИЦА НА ПАРТИЦИПАТИВНОТО ТЕЛО НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

СВИКУВАМ седница на партиципативното тело на Општина Велес Седницата ќе се одржи на ден 10.11.2025 година (понеделник), со почеток во 10:00 часот, во електронската сала на Општина Велес. За седницата го предлагам следниот: ДНЕВЕН РЕД 1.Разгледување на планска програма за ГУП на град Велес.   Ве молиме за присуство! Покана за седница

ОИК ГИ ДОДЕЛИ РЕШЕНИЈАТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ МАРКО КОЛЕВ И НА СОВЕТНИЦИТЕ НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

На свечена седница во организација на Општинската изборна комисија денеска им беа врачени решенијата на градоначалникот Марко Колев за новиот мандат  и на новоизбраните советници во Советот на Општина Велес. Градоначалникот Колев се заблагодари на ОИК и сите вклучени институции за успешниот изборен процес и на граѓаните кои повторно му ја дадоа довербата да го…

ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА БАНЕ АНДРЕЕВ – РОНКАТА

На 31 октомври се навршуваат 45 години од смртта на Бане Андреев – Ронката, македонски комунистички деец, учесник во НОБ, државник и политичар кој целиот свој живот го посветил на борбата за социјална правда и слобода на македонскиот народ. Бане Андреев Ронката е роден на 12 август 1905 година во Велес. Основно училиште и гамназија…

ИЗВЕСТУВАЊЕ Прекинат сообраќајот во Градски парк поради дефект на подземна инсталација

Се известуваат граѓаните на Oпштина Велес дека поради обрушување на подземен канал за одведување на отпадни води на пристапен пат во градски парк кој води до влезот на спортската сала, патот ќе биде прекинат за сообраќај. Ќе бидат поставени  барикади и сообраќајни знаци заради безбедност на граѓаните. Пристапот до влезот на спортската сала ќе биде…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА СООБРАЌАЈ ВО ГРАДСКИ ПАРК

По повод одржување на концерт на Саша Матиќ во Спортската сала Гемиџии Велес, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај во периодот од 18:00 часот па сé до 01:00 часот по полноќ во сабота, 18 октомври. Со цел да се избегнат логистички непријатности, по барање на СВР Велес е донесена одлука да се затвори за…

Паркинг локации – Информации за паркирање

Доколку барате каде да паркирате, сите достапни паркинг локации можете да ги погледнете на следниот ЛИНК. Линкот содржи детална мапа со обележани места за паркирање.Паркирајте без грижи и уживајте во вашето време!

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВРЕМЕН СООБРАЌАЕН РЕЖИМ ПОРАДИ ОДРЖУВАЊЕ НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА “ФЕСТИВАЛ НА ВЕЛЕШКА ПИТА И ВИНО-ПИТИЈАДА 2025“

Поради одржување на манифестацијата Фестивал на велешка пита и вино „Питијада 2025“ на улицата „Благој Ѓорев“ во Велес во периодот од 10:00 часот на ден 09.10.2025 година па сé до 12:30 часот на ден 13.10.2025 година, сообраќајот времено се преуредува и тоа: На делот од улицата Благој Ѓорев на потег од крстосницата со улицата Борис…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Поради организирање и одржување на Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2025“ се замолуваат граѓаните да не ги паркираат своите возила на улицата „Благој Ѓорев“ и тоа на потегот од кружен ток Авона па сé до зградата на театар „Ј.Х.К.Џинот“ во период од 08 октомври (среда) до 12 октомври (недела). Општина Велес очекува граѓаните…

ЧАС ПО СООБРАЌАЈНА КУЛТУРА

Меѓународниот Ден без автомобили, 22 септември, оваа година беше одбележан во соработка со ОЈУДГ “Димче Мирчев” Велес. Во градинката, во објект 5 „Ѕвездички”, се одржа „Час по сообраќајна култура”, со цел запознавање на најмладите пешаци-учесници во сообраќајот со основните сообраќајни правила. Децата, заедно со претставниците од МВР-СВР Велес, учеа за безбедно поминување на улицата, за…