УРЕДЕНА И ПРИСТАПНА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПРВАТА ПЛАЖА НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

ел од крајбрежниот појас на велешкото езеро „Младост” од денес е целосно достапен за користење и за лицата со попреченост. Неорганизираното зеленило во појасот околу т. н. Прва плажа е целосно отстрането. Поставена е пристапна патека и плажа за пристап на лица со попреченост, а ќе се постави и ограда за безбедно да се стигне…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ

Почитувани сограѓанки и сограѓани од исламската вероисповед, Во името на Советот на Општина Велес, од името на сите жители на Општина Велес и од мое лично име, Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Празнувањето на Курбан Бајрам е составен дел од традицијата на нашето општество, во кое верските посебности претставуваат дополнителна вредност и афирмирање…

ПРОГРАМА НА ВЕЛЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2020

Програма на настани и содржини за манифестацијата „Велешко културно лето 2020”. Организаторот го задржува правото за промена и надополнување на Програмата на настани и содржини. Сите настани и активности кои се дел од Програмата на „Велешко културно лето 2020” ќе бидат реализрани почитувајќи ги протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.   Датум Настапуваат Локација…

ВЕЛЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2020

Во рамките на Програмата за култура и меѓународна соработка за 2020 година предвидени се 300.000,00 денари сопствени средства на Општина Велес за реализација на културни настани, соопшти пред медиумите на денешната прес конференција градоначалникот Коцевски. „Иако сè уште е актуелна ситуацијата со Ковид-19, Општина Велес и оваа година прави максимални напори да обезбеди широк спектар…

ИНСТИТУЦИИТЕ СО РЕДОВНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19

Информациите во врска со работењето и преземањето активности на институциите за заштита од Ковид-19, како и заклучоците произлезени од дваесет и првата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на денешната прес конференција ги презентираше градоначалникот Коцевски. Тој ја пренесе информацијата од МВР – СВР Велес дека од 1 јули до сега издадени се…

НОВ ВОДОСНАБДИТЕЛЕН СИСТЕМ ВО РАШТАНИ И БУЗАЛКОВО

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес направија увид на градежните работи со кои населените места Раштани и Бузалково добиваат нов водоснабдителен систем. „Овој проект го договаравме со градоначалникот Коцевски претходно и денес на наше обострано задоволство присутни сме на неговата реализција. Како министерство се заложивме и работиме…

[Повик за номинации] Награда за младинско учество

Во тек е отворениот повик за номинации за Наградата за младинско учество, која се доделува во рамки на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Наградата за младинско учество се доделува на успешни млади (на возраст 18-29), неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и младински организации кои имаат предизвикано позитивни општествени промени преку акции…

Дезинфекција на површини пред избирачки места

Денес, во претпладневните часови, непосредно пред изборниот ден за одржување на предвремените парламентарни избори 2020, од страна на службите на ЈКП „Дервен“ и ТППЕ – Велес, беше извршена дезинфекција на претпросторите и отворените површини пред избирачките  места. Создавањето безбедни услови за јавното здравје преку дезинфекција пред гласачките места во Општина Велес  продолжува и во текот…

„Солидарност, мобилност, иднина“

Денес  на прес  конференција Здружението за култура и уметност „Факултет за работи што не се учат” официјално информираше дека во саботата со последниот посег на сликарската четка, уметниците го завршија муралот „Солидарност, мобилност, иднина“. Оживеаниот бетонскиот ѕид на кружниот тек под Спомен-костурницата останува трајно да потсетува на сплотеноста на Велес низ минатото, да мобилизира и …

Одбележани 69 години од смртта на Панко Брашнаров

Со положување букети цвеќе пред споменикот на Панко Брашнаров, денеска беа одбележани 69 години од смртта на овој голем револуционер, народен учител и учесник во двата Илиндена,. Пред неговиот споменик, во знак на почит и благодарност, во име на сите граѓани, букети цвеќе положија градоначалникот Аце Коцевски, претставници на Советот на Општина Велес и општинската…