ЧЕСТВУВАЊЕ НА РАЦИН – РАЦИНОВИ ДАМАРИ
По повод 22 декември, одбележувањето на 111-годишнината од раѓањето на великанот Коста Солев Рацин и одбележувањето на 80-годишнината од излегувањето од печат на легендарната стихозбирка „Бели мугри”, денес во просториите на Општина Велес беше организирана свечена вечер под наслов „Чествување на Рацин – Рацинови дамари”. Пред присутните се обрати градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски,…