КОЦЕВСКИ ЗА САНИРАЊЕТО НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД НЕВРЕМЕТО

На денешната прес конференција Градоначалникот Аце Коцевски ја извести јавноста за актуелната состојба настаната по поплавите од поројните дождови кои зафатија делови од Општина Велес во текот на минатиот викенд. „Ова е најголемата поплава што ја погодила Општина Велес, по онаа од 1974 година”, истакна Коцевски. Припадници на Територјалната противпожарна единица – Велес (ТППЕ), екипи…

„РЕПУБЛИКАТА ВО ПЛАМЕН” ПРЕД ВЕЛЕШАНИ

Во чест на националниот празник Илинден, Денот на Републиката, а во рамки на Велешкото културно лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’” вечерва на отворената сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк, се прикажа филмот „Републиката во пламен”. Поради актуелната ситуација со Ковид-19 сите настани и активности се реализираат согласно објавените протоколи за почитување на…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ СО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 2 АВГУСТ, ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Почитувани сограѓанки и сограѓани, Во името на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам големиот празник Илинден, Денот на Републиката. На овој ден, кога се поставени темелите на македонската независност и сувереност, се потсетуваме и ги чествуваме илинденските генерации на славни и неславни јунаци, како и нивните големи подвизи и стремежи…

„МАКЕДОНСКИ НОТИ” НА КООРДИНАТИТЕ „ЛАТИТУДА 41’ / ЛОНГИТУДА 21’”

Во рамки на втората програмска вечер од Велешкото културното лето „ВелеСOOLтУра – Латитуда 41’ / Лонгитуда 21’”, вечерва во амфитеатарот во Младинскиот парк се одржа концертот „Македонски ноти” со староградски и новокомпонирани песни на кој настапија музичките групи „Соната” и „Виртус”. Поради актуелната состојба со пандемијата Ковид-19 концертот се одржа на отворено, а велешката публика…

ОДБЕЛЕЖАН 2 АВГУСТ, ДЕНОТ НА РЕПУБЛИКАТА

Со положување цвеќе на Спомен-костурницата, споменикот на велешките Илинденци и пред споменикот на великанот Панко Брашнаров, денес се одбележа националниот празник Илинден, Денот на Републиката. По повод 117 години од почетокот на Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ, почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората…

ВЕЛЕШКО СЕМЕЈСТВО СПАСИ ЧОВЕЧКИ ЖИВОТИ

По објавата на информацијата дека семејството на наш сограѓанин на Велес кој трагично го загуби животот одлучило да ги донира неговите органи за да спаси човечки животи, би сакал како градоначалник на Општина Велес во името на сите граѓани да ја изразам мојата огромна благодарност и почит за нивниот хуман гест. Во свое лично име,…

УРЕДЕНА И ПРИСТАПНА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ ПРВАТА ПЛАЖА НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

ел од крајбрежниот појас на велешкото езеро „Младост” од денес е целосно достапен за користење и за лицата со попреченост. Неорганизираното зеленило во појасот околу т. н. Прва плажа е целосно отстрането. Поставена е пристапна патека и плажа за пристап на лица со попреченост, а ќе се постави и ограда за безбедно да се стигне…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД КУРБАН БАЈРАМ

Почитувани сограѓанки и сограѓани од исламската вероисповед, Во името на Советот на Општина Велес, од името на сите жители на Општина Велес и од мое лично име, Ви го честитам големиот празник Курбан Бајрам. Празнувањето на Курбан Бајрам е составен дел од традицијата на нашето општество, во кое верските посебности претставуваат дополнителна вредност и афирмирање…

ПРОГРАМА НА ВЕЛЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2020

Програма на настани и содржини за манифестацијата „Велешко културно лето 2020”. Организаторот го задржува правото за промена и надополнување на Програмата на настани и содржини. Сите настани и активности кои се дел од Програмата на „Велешко културно лето 2020” ќе бидат реализрани почитувајќи ги протоколите и мерките за заштита од Ковид-19.   Датум Настапуваат Локација…

ВЕЛЕШКО КУЛТУРНО ЛЕТО 2020

Во рамките на Програмата за култура и меѓународна соработка за 2020 година предвидени се 300.000,00 денари сопствени средства на Општина Велес за реализација на културни настани, соопшти пред медиумите на денешната прес конференција градоначалникот Коцевски. „Иако сè уште е актуелна ситуацијата со Ковид-19, Општина Велес и оваа година прави максимални напори да обезбеди широк спектар…