ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА 24 МАЈ, ДЕНОТ НА СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Со пригодна свеченост, Општина Велес го одбележа 24 Мај, Денот на Сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. Градоначалникот Коцевски во своето пригодно обраќање пред присутните рече дека на Велес,  како град со посебно место и улога во историјата, просветата и културата на македонскиот народ и држава, му прилега достојно да го одбележува 24 Мај.…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПОЖАРНИКАРИТЕ

Почитувани, Во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите припадници на Територијалната противпожарна единица – Велес, Ви го честитам 20 мај, Светскиот ден на пожарникарите. Да се спротивставите на огнената стихија,храбро и без размислување да се борите со пламените јазици…

ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ПО ПОВОД РАМАЗАН БАЈРАМ

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите припадници од исламска вероисповед, Ви го честитатам големиот празник Рамазан Бајрам. Вие сте нераскинлив дел од нашето општество, нашата традиција и култура. Со векови наназад сме граделе соживот, сме ги негувале различностите, обичаите и толеранцијата, секогаш во добро и зло…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ВКЛУЧЕНА ВО ПРОЕКТ ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

Општина Велес е една од 18 општини од три земји што учествуваат во меѓународен проект за заштита на културното наследство. Станува збор за проект што го спроведуваат француските пријатели ма Општина Велес,  Асоцијацијата „Сит е ситé“ со седиште во Бордо, со финансиска поддршка од француското Министерство за надворешни работи. Во проектот се вклучени 6 француски…

ЕКСПЛОАТАЦИЈА НА ТЕХНОГЕНА МИНЕРАЛНА СУРОВИНА НА ЛОКАЛИТЕТ „БАШ КОЛИБИ“, ОПШТИНА ВЕЛЕС

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски информираше дека концесионерот на топилничарската згура КЕПС МОНТ ГРУП ДОО Скопје обезбеди Б-Интегрирана еколошка дозвола. Важноста на дозволата истекува на 02 октомври 2023 година. „Досега од локацијата на локалитетот „Баш Колиби“ е извршен ископ, сеење, товарање и транспорт на 2.500 тони техногена минерална суровина што е многу малку во…

ЗГОЛЕМЕН БРОЈОТ НА ПРИЈАВИ ОД ГРАЃАНИ КАСНАТИ ОД КУЧИЊА СКИТНИЦИ

Општина Велес се соочува со сериозен проблем во врска со бездомните кучиња и граѓаните кои се каснати од нив, истакна на денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски. На адреса на општината секојдневно пристигнуваат тужби од граѓани кои се каснати од кучиња. Овие тужби се поткрепени со медицинска документација и пријава на настанот во Секторот за внатрешни…

УСПЕШНИ ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТИ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ ГОДИНАВА

Според податоците од првиот квартален извештај за 2021 година Општина Велес реализираше приходи во износ од 193.160.003 денари што во споредба со реализираните приходи од 2017 година  кои изнесуваа 150.584.766 денари се за 42,6 милиони денари повеќе. Зголемување има и во реализираните расходи кои во првиот квартал од 2021 година изнесуваат 174.894.945 денари и се…

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС ЌЕ СЕ ОТВОРА ПУНКТ ЗА МАСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА, НАЈАВИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски најави дека во Велес ќе се отвора пункт за масовна вакцинација против Ковид-19.  Пунктот ќе биде сместен во спортската сала на ССОУ „Коле Неделковски“. Имунизацијата на граѓаните ќе започне на 25  овој месец. Во вакциналниот пункт ќе имаат можност да се вакцинираат граѓаните на Велес но и на општините…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 12 МАЈ, СВЕТСКИ ДЕН НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ, АКУШЕРКИ И ТЕХНИЧАРИ

Почитувани, Во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес, во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, на сите медицински сестри, акушерки и техничари им го честитам 12 мај, Светскиот ден на медицинските сестри, акушерки и техничари. Вашата професија е една од најблагородните професии во светот, достојна за почит и…

МИНИСТЕРКАТА ЦАРОВСКА И ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ НА ОТВОРЕН ДЕН НА СРЕДНИТЕ СТРУЧНИ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска во посета на средните стручни училишта во Велес. Заедно со Градоначалникот Коцевски присуствуваа на отворениот ден на средното стручно „Коле Неделковски“ и на средното стручно „Димитрија Чуповски“. Имаа можност да се запознаат со образовните профили што ги нудат овие две училишта, особено струките кои се дел од…