Нацрт-Извештај за Стратегиска оцена на влијание врз животната средина за Локална урбанистичка планска документација за изградба на објекти со намена Г2-лесна и незагадувачка индустрија на КП 1879, КП 1880 и КП 1881/1 КО Оризари-вон град, Општина Велес

Врз основа на член 61 став 5 и член 69 став 1 од Законот за животната средина (”Службен весник на РМ“ број 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13, 42/14, 44/15, 129/15,192/15, 39/16, 99/18), и член 4 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други…

Состојба со Ковид-19 во Велес, 15 септември 2020 година

На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја пренесе информацијата од дваесет и четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со епидемиолошката состојба во Велес и велешко за последниве 24 часа. Едно лице е позитивно и потврдено од лабораторијата на МАНУ, едно лице кое било на домашно лекување…

СЕ ЗГОЛЕМУВА КАПАЦИТЕТОТ ЗА ПАРКИРАЊЕ ВО ГРАДОТ

Општина Велес ја известува јавноста дека започна со отстранување на објектот на поранешниот АТД Диспанзер за белодробни заболувања – Велес на улица „Наум Наумовски Борче” кој е надвор од употреба. Парцелата на која се наоѓа зградата на Диспанзерот се адаптира во привремен паркинг простор, при што Велес ќе добие нов простор за паркирање за 100тина…

ВИЗИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ВЕЛЕС

Денеска во просториите на ООУ „Блаже Конески” на јавна презентација беше претставена нова визија за долгорочен развој на дел од Општина Велес. Урбанистичката студија за развојниот период 2020 – 2035 година се однесува на просторот на касарната „Алексо Демниевски Бауман”, западно од железничката пруга, каде значаен процент од просторот зафаќаат градби наменети за незагадувачка лесна…

Велес домаќин на пливачкиот маратон

Во сабота, 12 септември, Велес ќе биде домаќин на седмиот традиционален  пливачки маратон на езерото Младост како финална трка во националниот куп во далечинско пливање, соопшти денеска  градоначалникот Аце Коцевски. „Со почитување на протоколите за заштита, во интерес на континуираниот развој на спортот и годинава ќе го организираме традиционалниот велешки пливачки маратон на езерото Младост.За…

ОДБЕЛЕЖАН 8 СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Годинава во посебни услови, согласно протоколот за одбележување државни празници на комисијата за заштита од заразни болести, односно без масовни народни собири, со минимум присутни лица и почитување на здравствените протоколи, обезбедена дистанца и соодветна заштита беше одбележана 29-годишнината од македонската независност. За историското значење на 8 Септември, пред присутните претставници на Општина Велес, Сојузот…

Објава број 1 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес

ОБЈАВА број 1 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес   ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ  Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со: Архитектонско-урбанистички проект за стопански комплекс, со намена Г2-лесна индустрија, за ГП 1.01/12,…

ЧЕСТИТКА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ПО ПОВОД 8 СЕПТЕМВРИ, ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА

Почитувани сограѓанки и сограѓани, Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 8 Септември, Денот на независноста. Овој историски ден е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж, да изгради своја независна и суверена држава. Посакувам овој ден секогаш да нè…

УСПЕШНО РЕАЛИЗИРАН ПРОЕКТОТ „ВЕЛЕС БЕЗ БАРИЕРИ”

Општина Велес во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Швајцарската агенција за развој и соработка денес организираше информативна форумска сесија на која беа презентирани резултатите од реализацијата на проектот „Велес без бариери”. Проектот насочен кон подобрување на животот на граѓаните со ограничена мобилност беше избран за реализација на форумските сесии од…

ЈАПОНСКАТА АМБАСАДОРКА ХАНЕДА ВО ПОСЕТА НА ВЕЛЕС

Амбасадорката на царството Јапонија, Н. Е. г-ѓа Кеико Ханеда, денес беше во посета на Општина Велес. Цел на посетата беше промоција на проектот за подобрување на болничката средина во ЈЗУ Здравствен дом Велес, преку кој јапонската амбасада обезбеди и донираше две возила за транспорт на пациенти на Службата за Итната помош при ЈЗУ Медицински центар,…