КОЦЕВСКИ РЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТОТ ЗА РАЗВОЈ НА ВАРДАРСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН

На деветтата Седница на Советот за развој на Вардарскиот плански регион, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес беше повторно избран за Претседател на Советот. Меѓудругото Советот донесе и предлог Одлука за Усвојување на Годишна листа за предлог проекти за развој на Вардарскиот плански регион за 2020 година, финансирани од страна на Министерството за локална…

ПРОМОВИРАНИ ЧЕТИРИ НОВИ АУДИО КНИГИ ВО ВЕЛЕС

По повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попречености во Локалната библиотека „Гоце Делчев“ во Велес, денес беа промовирани четири нови аудио книги. На денешната промоција Локалната библиотека „Гоце Делчев“, поддржана од Министерството за култура, а во соработка со Здружението на слепите лица на Општина Велес, ги претстави четирите нови наслови на аудио книгите:…

ОПШТИНА ВЕЛЕС – ПОСВЕТЕНО И СО ГРИЖА ЗА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ

По повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со попречености, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес, упатува јавен апел до претставниците на бизнис заедницата, граѓанските здруженија, медиумите и сите добронамерни граѓани на Велес, секој во рамките на своите можности да помогне во олеснување…

ИНТЕРВЈУ НА КОЦЕВСКИ ЗА НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА НА КИНА

Кои се влијанијата на интернетот кај младите во градот и државата , но и како социјалните мрежи станаа главна преокупација на младиот човек, беа дел од темите кои новинарската екипа од Националната телевизија на Кина (China Central Television) ги постави како тема на разговор во денешното интервју со градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. „Би…

ВЕЛЕШАНЕЦОТ КОРУНОВСКИ СО ИЗЛОЖБА ВО ГЕРМАНИЈА

Реномираниот ликовен уметник од Велес, Филип Коруновски со дел од својот творечки опус преку самостојна изложба деновиве се претставува во Берлин, Германија. Вљубениците во уметноста можат да ги видат неговите уметнички дела во Prima Center Berlin, а изложбата е организирана во рамките на Kolinie wedding.За изложбата насловена „Не знаејќи”, пред присутните говореше Деан Дамјановски кој…

ВЕЛО-КРОС ТРКА ВО ВЕЛЕС

Во рамките на Купот на Македонија, денес во кругот на ССОУ „Коле Неделковски” се одржа велосипедска трка Вело – крос. Ова е прва трка годинава, со што беше означена новата сезона 2019/2020.Седумедесетина велосипедисти од десетина велосипедски клубови од државата денес беа дел од Вело – крос трката. Во соработка со Општина Велес, спортскиот настан беше…

250 НОВИ САДНИЦИ ВО ВЕЛЕС

Согласно активностите од Планот за подобрување на квалитетот на воздухот на територијата на Општина Велес и препораките од Советот на Општина Велес, општината започна со активности за засадување на зимзелени и листопадни дрвја, со цел да го зголеми бројот на високи садници. Со почетокот на сезоната за садење на висока вегетација, Општина Велес деновиве започна…

80 ГОДИНИ „БЕЛИ МУГРИ”

По повод 80 години од излегувањето од печат на антологиската збирка „Бели мугри“ од Коста Солев Рацин, денес во Локалната библиотека „Гоце Делчев“, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ во соработка со Општина Велес, организираше поетско чествување. Пред присутните љубители на пишаниот збор и почитувачи на делото на Рацин, поздравен говор имаше Игор Крајчев, директор…

80 години од Рациновите „Бели мугри“

На денешен ден пред точно 8 деценииво печатницата на Драгутин Шпулер, во Самобор, Хрватска е отпечатена збирката „Бели мугри“ на Коста Солев Рацин. Објавувањето на збирката претставува исклучително значаен настан во културниот и општествениот развој на македонскиот народ. Со неговите „Бели Мугри“, Коста Солев Рацин се смета за основоположник на современата македонска литература. Стихозбирката е…

Конкурс за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за уредување на делови од централно градско подрачје во Велес

Почитувани, Општина Велес со седиште на ул.„Панко Брашнар“ бр 1 во Велес, има потреба за изработка на конкурс за идејно решение: „Изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за уредување на делови од централно градско подрачје во Велес“. За таа цел договорниот орган спроведува Конкурс за избор на идејно решение како посебна постапка со доделување награди, во…