ОПШТИНА ВЕЛЕС АПЕЛИРА ДА НЕ СЕ СОЗДАВААТ ГУЖВИ ПРЕД ВЛЕЗОВИТЕ НА МАРКЕТИТЕ

Почитувани, Општина Велес упатува апел до граѓаните да не се собираат во поголеми групи пред влезовите на маркетите и да се придржуваат на препорачаното растојание од два метри еден од друг за да се превенира ширењето на Covid19 (коронавирусот).  Со почит,  Општина Велес

Започна дезинфекцијата на возилата на сите влезови во Велес

Со цел заштита и превенција од ширење на Covid19 (коронавирус), Општина Велес во соработка со припадниците на Територијалната противпожарна единица и на МВР – СВР Велес, на влезовите во Велес поставија контролни пунктови каде се врши контрола и дезинфекција на сите моторни возила кои влегуваат и транзитираат низ градот.

ПРЕПОРАКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ОТПАД ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ВО КАРАНТИН ИЛИ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА СО СОМНИТЕЛЕН СЛУЧАЈ ВО ДОМОТ

Личниот отпад (како хартиени марамчиња, крпи за чистење за еднократна употреба, маски или ракавици) се одлагаат безбедно во вреќи за отпад за еднократна употреба! Вреќите наполнети најмногу до 2/3 од нивниот капацитет, спакувани во втора вреќа и убаво затворени, се безбедни за одлагање во вообичаениот контејнер за отпадоци од домаќинството. Другиот отпад од домаќинствата се…

ЗАКЛУЧОЦИ ОД СЕДНИЦАТА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗАЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

Членовите на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес, на денешната Седница ги донесоа следниве заклучоци: –          Сите задачи и активности од претходните седници на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес се реализирани во целост, освен активноста да се врши дезинфекција на возилата при влезот во градот поради недоволен број…

ОДРЖАНА ЧЕТВРТАТА СЕДНИЦА НА ОПШТИНСКИОТ ШТАБ ЗА ЗАШТИТА И СПАСУВАЊЕ

На четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа денес, во просториите на Општина Велес, а на која присустуваа  членовите на Општинскиот штаб и претставници на ЈЗУ Општа болница Велес, ЈЗУ Здравен дом, ЈЗУ Центар за јавно здрвје, Општинската организација на Црвен Крст, од стопанската комора на Велес, Министерството за внатрешни…

ПОДЕЛЕНА ХУМАНИТАРНАТА ПОМОШ ЗА СОЦИЈАЛНО ЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА ОД ВЕЛЕС

Заврши акцијата за доделување на хуманитарна помош во прехрамбени пакети на 54 социјално загрзозени семејства од градот. ОЈУДГ „Димче Мирчев” ја донираше храната за овие пакети, изборот на семејства го изврши Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, а хуманитарната акција која започна минатиот петок и заврши денес ја спроведуваа мобилните тимови на Општинската организација на Црвен…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ФОРМИРА МОБИЛНИ ТИМОВИ ЗА ПОМОШ НА СИТЕ ВОЗРАСНИ ЛИЦА, ИЗНЕМОШТЕНИ ЛИЦА, ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТИ И ХРОНИЧНО БОЛНИ ЛИЦА, КОИ ЖИВЕАТ САМИ ИЛИ НЕМААТ ПОДДРШКА ОД СЕМЕЈСТВАТА

Почитувани, Ве известуваме дека поради новонастанатата состојба и подигнатиот степен на подготвеност и превенција во справување со корона вирусот, Општина Велес формира мобилни тимови за помош на сите возрасни лица, изнемоштени лица, лица со попречености и хронично болни лица, кои живеат сами или немаат поддршка од семејствата на целата територија на Општина Велес. Услугата која ќе…

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ИЗРАБОТКА НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАНОВИ

Се известуваат сите правни и физички лица на територијата на Општина Велес дека Градоначалникот распишува Јавен повик за доставување на иницијативи за изработка на урбанистички планови. Јавниот повик ќе трае најмалку 31 ден, односно во перидот од 10.03.2020 год. до 10.04.2020 год. Јавниот повик ке биде објавен во службено гласило на општината, на веб страна…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ПРЕВОЗНИЦИТЕ КОИ ВРШАТ ЈАВЕН ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ

Почитувани, Согласно препораките дадени од Владата на РСМ, а во врска со мерките и активностите за превенција од ширење на вирусот COVID – 19, Општина Велес дава препораки до превозниците кои вршат јавен превоз на патници: Такси превозниците на подрачјето на општината да ги дезинфицираат такси возилата на дневна основа пред да се вклучат во…

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Почитувани, Ве известуваме дека согласно задолжението од точка 11 од заклучоците на 16. Седница на Владата на РСМ, во текот на превенција од Корона вирусот, во сите воспитно-образовни институции во градот, секој работен ден, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, ќе бидат воведени ротациони дежурства, со цел издавање на потребните потврди и останати документи.…