НОВИ КАНТИ ЗА ОТПАД ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ

За илјада сто и педесет домаќинства од руралните средини се обезбедени канти за отпад. Во изминативе денови се вршеше дистрибвуција на нови канти за домаќинствата во селата Црквино, Башино Село, Мамутчево, Дорутовец, Чолошево, Отовица и Новачани каде што беа поделени 410 канти. Во наредните денови останатите ќе се поделат во Сојаклари, Раштани, Караслари, Оризари, Бузалково,…

ВЕЛЕС ДОМАЌИН НА 21. ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ФОЛКЛОРЕН ФЕСТИВАЛ ВЕЛЕС 2026

Традиционални танци и ора, песни и  шарени носии низ улиците на Велес во наредните четири дена. Од утре, 1 јули, стартува 21-то издание на најмасовната културна манифестација на која се промовира фолклорот, пријателството и меѓународната културна соработка. Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2026 ќе биде исполнет со настапи на фолклорни ансамбли од Македонија но и од…

Јавен повик за избор на член на управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес

ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК Предмет на Јавниот повик е спроведување на постапка за избор на еден член на управен одбор на ЈКП „Дервен“ Велес. Постапката ќе се спроведе согласно Правилникот за формата и содржината на јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на член на управен и надзорен одбор на…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФАСАДАТА НА ССОУ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“

Активно се работи на реконструкција на фасадата на ССОУ „Димитрија Чуповски“ со што ќе се добие поголема енергетска ефикасност, намалување на трошоците за греење и ладење, заштита на животната средина и подобри услови во образовниот процес. За реализација на овој проект се обезбедени средства преку соработка со Владата и Министерството за образование и наука.

СПЕКТАКУЛАРЕН КРАЈ НА ЈУБИЛЕЈНИТЕ ВЕЛЕШКИ ИГРИ

Уште едно успешно издание на Велешки спортски игри заврши викендов во Велес. Градскиот парк беше центарот на спектакуларни атрактивни натпревари во фудбал, баскет, одбојка и тенис со извонредна игра на спортистите. До последен момент ги следеа и бодреа бројните посетители на спортските терени. Општина Велес упатува голема благодарност до сите учесници на петтото јубилејно издание…

ЗАПОЧНА ЈУБИЛЕЈНОТО ИЗДАНИЕ НА ВЕЛЕШКИТЕ СПОРТСКИ ИГРИ ВО ВЕЛЕС

Велес од вчера стана спортски центар во земјава. Стартуваше петтото издание на Велешките спортски игри во Градски парк. Над 600 натпреварувачи, од кои стотина од Србија, Црна Гора, Турција, Америка, Италија, Шпанија, Куба, Иран, Германија и Албанија,  ќе учествуваат на овие игри и ќе си ги одмерaт силите во фудбал, одбојка на песок, 3×3 баскет,…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Општина Велес ги информира граѓаните дека поради подготовки и одржување на Велешките спортски игри, Градскиот парк ќе биде затворен за сообраќај од недела, 31 мај, до недела, 7 јуни, освен за дистрибутери до локалите кои претходно обезбедиле пропусница од организаторот на игрите спортско здружение СПОРТСКИ ИГРИ ВЕЛЕС. Општина Велес со апел до граѓаните да се…

Соопштение за медиуми Спортски игри за млади во Велес

Плазма Спортските игри за млади пристигнуваат во Велес Велес е шестиот град во кој ќе се одржи „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Главната цел на СИМ е бесплатен спорт за секое дете, како и поттикнување на здрав, активен и динамичен животен стил, промоција на инклузијата, развој на здрави навики,…

Одржан ораторски натпревар за средношколците по повод Денот на сесловенските просветители

По повод Денот на сесловенските просветители, Светите Кирил и Методиј, Општина Велес организираше ораторски натпревар за учениците од средните училишта во градот, на тема „Словото не молчи – буквите што ги родија народите зборуваат и денес“. ​Тричлената комисија во состав Елизабета Митреска Ангелеска, Валентина Ѓорѓиевска и Наташа Брезовска Богоевска, по детално оценување на говорите, ги…