ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Велес дека од петок, 09 април 2021 година, ќе започнат градежни работи за рехабилитација  на завршен слој на асфалтот на дел од ул. „Благој Ѓорев“ и дел од ул. „8ми Септември“ и тоа од раскрсницата кон ЈЗУ Здравен дом Велес (Брза помош), на спојот со ул.„Шевки Сали“ до раскрсницата кај јаворите…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА РОМИТЕ 8 АПРИЛ

Во име на Советот на Општина Велес, од името на граѓанките и граѓаните од другите заедници и во свое лично име Ви го честитам Меѓународниот ден на Ромите, 8 април. Велес е град со долга традиција на ромската заедница. Културата, верувањето и традицијата на Ромите се дел од македонското културно наследство и тие се важен…

ОДБЕЛЕЖАНА 77 ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НАРОДНИОТ ХЕРОЈ ДИМЧЕ МИРЧЕВ

Општина Велес денска ја одбележа 77 годишнината од загинувањето на народниот херој Димче Мирчев. Делегација составена од претставници на локалната самоуправа, по тој повод, положија свежо цвеќе пред спомен бистата што се наоѓа во дворот на градинката што го носи неговото име и пред спомен бистата поставена во Младински парк. Димче Мирчев е роден во…

ДОНАЦИЈА ЗА УЧИЛИШТАТА ОД АЛЗАС

Асоцијацијата АЛМА „Алзас Македонија“ со седиште во Стразбур, Република Франција  продолжува со поддршката на Општина Велес. Неделава, од оваа асоцијација предводена од претседателот Жак Шлеф  пристигна донација во училишна опрема  Станува збор за анатомски столчиња и маси за 180 ученици. Благодарност до асоцијацијата АЛМА за оваа втора донација. Според најавите следната донација во медицинска опрема…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО, 7 АПРИЛ

Почитувани, Во името на Советот на Општина Велес, во името на сите граѓанќи и граѓани и во свое лично име Ви го честитам 7 април, Меѓународниот ден на здравјето. Почитувани здравствени работници, Вие сте нашите херои. Вашата улога во справувањето со пандемијата предизвикана од Ковид 19, во измината година е бесценета. Застанати на првиот ред…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Општина Велес интензивно започнува со градежните работи. Од петок започнува реконструкцијата на завршниот слој на асфалт на дел од улицата „Благој Ѓорев“ и дел од улицата „8ми септември“- од раскрсницата кон Брза помош до раскрсницата кај јаворите со површина од 3.800 метри квадратни. Ќе се изврши гребење на завршниот слој и асфалтирање. Изведувач на градежните…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ИМ ГО ЧЕСТИТА НАЈГОЛЕМИОТ ХРИСТИЈАНСКИ ПРАЗНИК ВОСКРЕСЕНИЕ ХРИСТОВО – ВЕЛИГДЕН НА ВЕРНИЦИТЕ ОД КАТОЛИЧКА ВЕРОИСПОВЕД

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓаните од другите заедници и во свое лично име, на сограѓаните од католичка вероисповед им го честитам големиот христијански празник Воскресение Христово-Велигден. На овој голем христијански празник кога ја славиме победата на животот над смртта, и покрај секојдневната опасност што не демнее од невидливиот…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА НА НАЈЗНАЧАЈНИОТ КАПИТАЛЕН ПРОЕКТ – ПОКРИЕН ГРАДСКИ ПАЗАР

Денеска започна изградбата на најзначајниот капитален проект за Велес и велешани во последните три децении, новиот Градски пазар. На денешниот свечен настан по повод отпочнувањето на изградбата, во организација на Општина Велес, присуствуваше претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев , вицепремиерите Љупчо Николовски и Фатмир Битиќи, министерот за транспорт и врски Благој…

ПРОЛЕТНА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ И ОПШТИНА ВЕЛЕС

Граѓански активисти од Здруженија на граѓани денеска го чистеа просторот околу објектот во кој се сместени дел од граѓанските здруженија, што се наоѓа во населбата ,,Дворови“. Во работната акција активистите собраа 22 вреќи од 250 литри со различен вид на отпад и тоа не само од околината туку и од просториите на објектот. Пролетната еколошка…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ГО ОДБЕЛЕЖА ,,ЧАСОТ НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА“

Општина Велес ги исклучи светлата на платото пред Основен суд Велес и Мало Мовче и на тој начин го одбележа ,,Часот на планетата земја“. Со едночасовно исклучување на светлата од 20.30 до 21.30 часот, на овие локации, Велес и велешани се вклучија во акцијата против климатските промени и испратија порака за значењето на природата и…