Вашето мислење е важно!

Денес во Општина Велес се одржаа јавни расправи по нацрт програмите за 2026 година на кои сите присутни имаа прилика да ги кажат своите предлози и мислења. Согласно можностите сите забелешки во периодот кој следува ќе се вградат во предлог програмите за наредната година. Непосредната комуникација со сите граѓани е исклучително важна, зашто само заедно…

СЕ РЕКОНСТРУИРА ДЕЛ ОД ПАТОТ КОН ПРЕВАЛЕЦ

Почна реконструкцијата на дел од регионалниот пат кон населба Превалец. Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта денеска започнаа градежните работи за реконструкција на регионалниот пат. Во тек е гребење на стариот асфалт на потегот од пругата до влезот во населбата и поставување на рабници. По завршувањето на подготвителните активности овој дел од патот…

КОНКУРС за стипендирање на талентирани ученици и студенти за учебна/студиска 2025/2026 година

За учебната/студиска 2025/2026 година, Општина Велес ќе додели: 19 стипендии на талентирани ученици од II, III, IV година во средно образование. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а се исплатува 9 (девет) месеци. 15 стипендии на талентирани студенти со завршена најмалку една година од студиите во високото образование. Стипендијата е во висина од…

НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ И МЕНТОРИ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ВЕЛЕС НА ДРЖАВНИ, МЕЃУНАРОДНИ И ОЛИМПИСКИ НАТПРЕВАРИ

Сто шеесет и седум ученици од основните и средните училишта во Велес и 66 ментори добија награди и признанија од Општина Велес за нивните постигнати успеси на државни, меѓународни и олимписки натпревари за учебната 2024/2025 година. Во нивна чест денеска во Големата сала на Општина Велес се доржа свечена манифестација на која градоначалникот Марко Колев…

ПОЧИТ ЗА ПАДНАТИТЕ БОРЦИ ЗА СЛОБОДА – ЧЕСТИТ 9 НОЕМВРИ ДЕНОТ НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

9 Ноември, е еден од најзначајните и најсветлите историски датуми за Велес и велешани. Годинава Велес слави 81 година од ослободувањето на градот од фашистичкиот окупатор. На овој ден пред 81 години херојството и пожртвуваноста на сите знајни и незнајни борци биле пресудни да се извојува долгопосакуваната слобода. По тој повод, денеска делегации на Општина…