ВИДЕО ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 9 МАЈ, ДЕНОТ НА ЕВРОПА

Младите од Велес и градоначалникот Коцевски со видео честитка по повод 9 мај, Денот на Европа. „Драги, млади велешанки и велешани, Денес ја славиме Европа, континент кој повторно се изгради благодарение на силната соработка и желба за побезбедно и посигурно утре на европските жители. Наоѓајќи заеднички пат напред, на овој важен ден во историјата, многу…

ВО АКЦИЈАТА ,,ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ СЕ ИСЧИСТИЈА ОД ОТПАД ШУМСКИОТ ПОЈАС КОН СЕЛО СОПОТ, СТАРИОТ ПАТ КОН СКОПЈЕ И ОСТРОВОТ НА РЕКА ВАРДАР

Над 150 граѓани меѓу кои претставници на Граѓански здруженија, училишта, вработени во општинската администрација, волонтери на Црвен крст, ЈКП ,,Дервен“ и други, денеска се вклучија во акцијата ,,Генералка викенд“. Тие го исчистија од отпад шумскиот појас кон село Сопот и стариот пат кон Скопје и собраа 20 кубни метри отпад. Во акцијата се вклучи и…

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД 8 МАЈ, ДЕНОТ НА ЦРВЕН КРСТ И ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА

Почитувани, Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, на сите активисти на Општинската Организација на Црвен крст, на сите крводарители и хумани граѓани, Ви го честитам 8 мај, Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената Полумесечина. Хуманоста е најголемата доблест на…

УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА ВКЛУЧЕНИ ВО АКЦИЈАТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Учениците од основните училишта во Велес и околните населени места денеска се вклучија во акцијата за собирање и селектирање на отпад „Генералка викенд“. Учениците и вработените на ООУ  „Св.Кирил и Методиј“ кои реализираат настава со физичко присуство, денеска во задниот двор на училиштето  собраа 20 килограми пластичен отпад и 99 килограми стара хартија. Успешна акција…

ДЕЦАТА ОД ОЈУДГ „ДИМЧЕ МИРЧЕВ„ ВКЛУЧЕНИ ВО АКЦИЈАТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Најмладите велешанчиња се вклучија во акцијата „Генералка Викенд“ што деновиве се реализира  во Општина Велес. Децата од шестте клона на  градинката „Димче Мирчев“ денеска беа вредни и собраа стара хартија и пластика.

ЧЕСТИТКА ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА

Почитувани припадници на македонската полиција,   Во име на Советот на Општина Велес, во име на сите граѓанки и граѓани и во свое лично име Ви го честитам 7 мај, Денот на полицијата. Јавниот ред, мирот и безбедноста во едно современо општество се одраз на професионалната посветеност, дисциплинираност и одговорност на припадниците на полицијата. Да…

НА ПРВИОТ ДЕН ОД ПРОЛЕТНАТА АКЦИЈА СОБРАНИ 26 КУБНИ МЕТРИ ГАБАРИТЕН ОТПАД

Почна пролетната акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата во Општина Велес. Денеска, комунални работници од ЈКП „Дервен“, од неколку локации на градот собраа 26 кубни метри габаритен отпад. Граѓаните претходно го пријавија својот габаритен отпад во комуналното претпријатие. Пролетната акција за собирање и транспортирање на габаритниот отпад ќе трае до сабота, 08 мај.

Авионско прскање, против комарци во Општина Велес

Почитувани, Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна  дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, и Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2021 година, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност Општина Велес…

ПРОЛЕТНИ АКЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА ГРАДОТ

Денеска, 5 мај, е последниот ден кога граѓаните на Општина Велес можат да пријават габаритен отпад во ЈКП „Дервен“ . Пролетната акција за собирање на ваков отпад ќе се спроведе од 06 до 08 мај. Потребата за собирање на габаритен отпад од нивните домови треба да се пријави на следниот телефонски број: 075/303-168 до 15:00…

ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА СО РЕДОВНО РАБОТНО ВРЕМЕ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека од 06 мај 2021 година (четврток), општинската администрација ќе започне да го применува редовното работно време од 07:30 до 15: 30 часот. Жителите на Општина Велес своите потреби и барања можат да ги остварат и поднесат преку Граѓанскиот сервис центар и архивата на Општина Велес, помеѓу 10:00 и…