Се известуваат граѓаните на општина Велес дека од утре 04.07.2023 год на улицата Лазо Осмаков ќе се изведуваат асфалтерски работи. Работите за асфалтирање на улицата во два слоја ќе се изведуваат во траење од неколку денови. Затоа е потребно во наредниве неколку денови на улицата Лазо Осмаков да нема паркирани возила , со цел да се овозможи непречено изведување на градежните работи.