Градскиот базен атрактивен за граѓаните

Околу 700 граѓани дневно за време на викенд и околу 400 дневно во работните денови го посетуваат Градскиот базен во Велес. Податоците денеска ги соопшти градоначалникот Аце Коцевски кој изрази задоволство од брзата интервенција на закупецот на објектот. Според информациите од закупецот на градскиот базен, компанијата „ПН-МП Тренд ДООЕЛ“ од Велес чиј управител е Наташа…

Повик за поднесување на понуди Република Северна Македонија – Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП/MSIP-NCB-108-19

Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN DevelopmentBusiness со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година. Република Северна Македонија доби кредит од Меѓународната Банка за Обнова и Развој (IBRD), за спроведување на…

Објава број 1 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес

ОБЈАВА број 1 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање во Општина Велес ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со:  Архитектонско урбанистички проект за стопански комплекс за ГП 1.01 (КП бр. 1516/5 и КП бр. 1537/2),…

ЧЕСТВУВАЊЕ НА ДВАТА ИЛИНДЕНА

1.Август 2019 година (четврток) 9:00 часот Положување цвеќе и оддавање почит на загинатите борци Место: Спомен-костурница 9:30 часот Положување цвеќе и оддавање почит на велешките Илинденци Место: Споменик на велешките Илинденци 9:45 часот Положување цвеќе и оддавање почит на Панко Брашнаров Место: Споменик на Панко Брашнаров Превозот е организиран. Поаѓање во 8:30 часот пред Општина…

Усвоена одлуката за основање на училиштето „Панко Брашнар“

На денешната 38 седница, со 11 гласа „за“ и 6 „против“, Советот на Општина Велес ја усвои одлуката за основање на Општинско основно училиште во Велес. Со одлуката се основа Општинското основно училиште „Панко Брашнар“ како правен следбеник на училиштата „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ и „Благој Кирков“. Советот ја донесе одлуката по добиеното позитивно мислење…

Старт на градежните активности крај езерото „Младост“

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Велес за 2019 година, започна пробивањето на улицата 2 на езерото „Младост“. Во изминатиот период се постави инфраструктурата: приклучоци за подземна инфраструктура и улично осветлување со што се обезбедија услови за старт на работите за асфалтирање на улицата. Во наредниот период ќе се изврши…

Велес го чествува Илинден

По повод националниот празник Илинден, Денот на Републиката, утринава им беше оддадена почит на загинатите борци за слободна Македонија од Илинденскиот период и од Втората светска војна. На 2. Август годинава се навршуваат 116 години од почетокот на Илинденското востание и 75 години од Првото заседание на АСНОМ. Делегации на Општина Велес, членови на Сојузот…

Градежни зафати на Градскиот стадион

Деновиве, Општина Велес ги започна градежните активности за подобрување на условите за спортување на Градскиот стадион. Градежните зафати вклучуваат бетонирање на три платоа, отстранување на ризла зад стативите и поставување на земја за хортикултурно уредување околу теренот. Во Градскиот парк се изведе бушотина која ќе се користи за надоводнување на зелените површини на стадионот. Во…

Честитка 2 Август

Почитувани сограѓанки и сограѓани, Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес,  Ви го честитам големиот празник Илинден, Денот на Републиката. На овој ден, кога се поставени темелите на македонската независност и сувереност, посакувам со заеднички сили, да се стремиме кон надминување на превизвиците, со цел поголеми демократски придобивки и праведно…