ОПШТИНА ВЕЛЕС ОБЕЗБЕДИ МЕДИЦИНСКА ЗАШТИТНА ОПРЕМА
Со цел превенција и спречување на ширењето на Covid-19 (коронавирус), Општина Велес изврши набавка на медицинска заштитна опрема (повеќенаменски скафандери и заштитни маски, како и заштитни ракавици). Во текот на денот, заштитната опрема беше дистрибуирана до здравствените установи во општината, ЈЗУ Општа болница, Велес, ЈЗУ Здравен дом и Центар за јавно здравје во Велес.