ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ЈАВНОСТ – СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ВЕЛОСИПЕДИ
Се известуваат граѓаните на Општина Велес дека Јавниот повик за доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купување на велосипед за 2020 година се прекинува пред истекот на рокот, 26.06.2020 година, поради исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена. Со почит. Општина Велес