81 година од ВПО „Димитар Влахов“ и 79 години од формирањето на ПО „Трајче Петкановски“

Делегација на Општина Велес денес се поклони на Спомен костурница, вечното почивалиште  на загинатите борци од велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“. Свежото цвеќе беше положено и во чест на 79. годишнината од формирањето на партизанскиот одред „Трајче Петкановски“. Вечна слава  и благодарност на сите што го положија животот за Македонија.