ЌЕ СЕ ГРАДИ ПОТПОРЕН ЅИД НА УЛИЦА „КУМАНОВСКА“
Од утре, вторник (07.11.2023 година) започнуваат градежни активности на улица „Кумановска“ за изградба на потпорен ѕид со кој ќе се обезбеди стабилност на улицата и косината на железничката пруга Велес-Битола. За време на градежните зафати ќе се изведуваат различни градежни активности како земјени, бетонски, армирачки и останати градежни работи. Предвидено е вклучување на градежна механизација…