ГРАДЕЖНИ ЗАФАТИ НА УЛИЦА „КИРИЛ ПЕЈЧИНОВИЌ“

Почнаа градежните зафати на улицата „Кирил Пејчиновиќ“ на Којник. Во соработка со ЈКП Дервен ќе се заменува старата дотрајана водоводна мрежа на улицата, а потоа реконструкцијата ќе продолжи со поставување на бехатон плочки. Општина Велес продолжува со реализација на градежни активности во градот.  

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА ПРОСТОРОТ ОКОЛУ СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА

Почнува реконструкцијата на просторот околу Спомен Костурницата. Градоначалникот Марко Колев заедно со претставниците од фирмата изведувач направија вовед во работата и се очекува во наредните денови да отпочнат градежните зафати за уредување на просторот согласно претходно изготвено идејно решение. Средствата за реконструкција на просторот околу Спомен Костурницата се обезбедени преку кофинансирање на Општина Велес со…