ПЛАН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА АМБИЕНТАЛНИОТ ВОЗДУХ ЗА ОПШТИНА ВЕЛЕС ЗА ПЕРИОД 2023-2027

Врз основа на член 15 од Законот за изменување и дополнување на Законот за квалитет на амбиентниот воздух (Сл. Весник на РМ бр.151/21), Градоначалникот на Општина Велес го  објавува: Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Велес (2023-2027), усвоен на Седница на Совет на општина Велес одржана на 29.08.2024 год.   Планот…

НАРОДЕН МУЗЕЈ ВЕЛЕС СО СОПСТВЕНО ПРОИЗВОДСТВО НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

Народен музеј Велес со сопствено производство на електрична енергија. Поставени се фотоволтаични панели на покривот на  Народниот музеј. Општина Велес ја продолжува праксата на поставување на фотоволтаични панели на јавните институции. Досега се поставени на ООУ „Васил Главинов“, ОУ „Рајко Жинзифов“, ОСУ „Јовче Тесличков“, СОУ „Гимназија Кочо Рацин“, ССОУ „Димитрија Чуповски“, ООУ „Панко Брашнаров“, ООУ…

ПОЖАРИТЕ ПРИЧИНА ЗА ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ ВО ВЕЛЕС

Актуелните пожари во велешко, поточно на планините Мукос и Бабуна во Општина Чашка, изминативе три дена, го загадија воздухот во Велес. Мерните инструменти на Министерството за животна средина покажуваат високи вредности на ПМ10 честичките во воздухот, дури и до четири пати повисоки од максимално дозволените 50 мг/м3. Сите ресурси се вклучени во гаснење на пожарите…

НОВИ КОНТЕЈНЕРИ ПОСТАВЕНИ ДОЛЖ УЛИЦАТА „БЛАГОЈ ЃОРЕВ“

Во соработка со ЈКП Дервен поставени се 59 нови контејнери за комунален отпад. Контејнерите се поставени на повеќе локации долж улицата „Благој Ѓорев“. Општина Велес продолжува континуирано во насока на зачувување на здравата животна средина која претставува право и обврска на секој граѓанин.