СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ЕКОНОМИСТИ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛЕС

Во посета на Општина Велес денеска беа учениците од општинското средно училиште „Јовче Тесличков“. Посетата беше дел од нивната наставна програма и тие имаа можност да се запознаат со работата на општината, советот и градоначалникот. Градоначалникот сподели дел од неговите работни навики и посочи дека нивните потреби, предлози и идеи се секогаш добредојдени.