РАБОТНА СРЕДБА МЕЃУ ОПШТИНА ВЕЛЕС И МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА

Министерот за локална самоуправа Златко Перински и заменик министерот Ерџан Селими денеска во работна посета на Општина Велес. На средбата со градоначалникот Марко Колев се разговарало за тековната проблематика во врска со работењето на локалната самоуправа, како и за континуираната институционална соработка во изминатиот период. Средбата продолжи со претставници од Советот на Општина Велес и…

НОВО УЛИЧНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО БАШИНО СЕЛО, СОЈАКЛАРИ И ОТОВИЦА

Продолжува промената на мрежата на улично осветлување во руралните средини. Во селата Сојаклари, Отовица и Башино Село старото  се заменува со ново улично осветлување, а истовремено се отстрануваат и дефектите во мрежата во овие три населени места, со што уличното осветлување ќе биде целосно функционално.  

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФАСАДАТА НА СОУ „ЈОВЧЕ ТЕСЛИЧКОВ“

Се реконструира фасадата на училишната зграда на ОСУ „Јовче Тесличков“. Реконструкцијата се врши со поставување на термоизолациони панели со што значително ќе се подобрат условите за учење и ќе се постигне поголема енергетска ефикасност. Општина Велес континуирано инвестира во образованието за просперитетна иднина.