ОДБЕЛЕЖАНА ГОДИШНИНА ОД СМРТТА НА Ј.Х.К. ЏИНОТ
Денеска се одбележуваат 143 години од смртта на учителот, преродбеникот, просветителот Јордан Хаџи Константинов Џинот. По тој повод, делегација на Општина Велес му оддаде почит и положи свежо цвеќе на неговиот гроб во дворот на црквата „Св. Спас“. Јордан Хаџи Константинов Џинот е еден од најистакнатите борци за опстанок и развој на македонскиот народен јазик.…


