ПРЕДНОВОГОДИШНА БАЈКА ВО ВЕЛЕС – WINTERFEST ВЕЛЕС

Уште една новогодишна бајка испишува Велес во својата историја. Празнична магија, незаборавно доживување и многу забава ќе го одбележат крајот на годината. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во музичките настапи, диџеј сетови и уметнички изведби на бројни изведувачи кои ќе се погрижат за добра забава и празнично расположение. И годинава Општина Велес организира Winterfest…

ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА ПОДРАЧНОТО УЧИЛИШТЕ „ПАНКО БРАШНАРОВ“ ВО БАШИНО СЕЛО

Заврши реконструкцијата на училишната зграда во Башино Село. По завршувањето на градежните зафати за целосна реконструкција, подрачното училиште „Панко Брашнаров“ доби нов лик, се отсранија сите проблеми и се обезбедија пристојни услови за одвивање на наставниот процес. Во второто полугодие учениците и наставниците ќе ја продолжат учебната година во целосно реконструирани училници.