СЕ РЕКОНСТРУИРААТ ОШТЕТЕНИ ТРОТОАРИ

Се реконструира тротоарот на улицата „Алексо Демниевски Бауман“ наспроти локалната библиотека „Гоце Делчев“. Започнати се градежните активности за реконструкција на оштетениот тротоар. Во изминатиот период беа реконструирани и дел од тротоарите на улиците „Костурска“ и „Тодор Јанев“ со што се овозможи безбедно и непречено движење на пешаците на овие делници.      

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

Согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е…