Известување за градежни зафати на одводна атмосферска коловозна решетка на ул. „Љубљанска“, лоцирана под ООУ „Блаже Конески“

Ве изестуваме дека на ден 13.08.2019 година се предвидени градежни зафати на одводна атмосферска коловозна решетка на дел улица “Љубљанска“ во Велес, лоцирана под ООУ “Блаже Конески“. Предвидените градежни зафати на одводната атмосферска коловозна решетка ќе се изведуваат во периодот од 07:00 до 18:00 часот, за што ќе биде применет времен режим на сообраќај во…

Старт на градежните активности крај езерото „Младост“

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Велес за 2019 година, започна пробивањето на улицата 2 на езерото „Младост“. Во изминатиот период се постави инфраструктурата: приклучоци за подземна инфраструктура и улично осветлување со што се обезбедија услови за старт на работите за асфалтирање на улицата. Во наредниот период ќе се изврши…

Градежни зафати на Градскиот стадион

Деновиве, Општина Велес ги започна градежните активности за подобрување на условите за спортување на Градскиот стадион. Градежните зафати вклучуваат бетонирање на три платоа, отстранување на ризла зад стативите и поставување на земја за хортикултурно уредување околу теренот. Во Градскиот парк се изведе бушотина која ќе се користи за надоводнување на зелените површини на стадионот. Во…

Стартуваа градежните зафати во центарот на Велес

Стартуваа градежните зафати во центарот на Велес Општина Велес денеска започна со предвидените градежни зафати на одводната атмосферска коловозна решетка на улица „Илинденска”, како и на железничката пруга, поточно на железничкиот премин кај мостот „Гемиџии“ („Нов мост“).