НОВИ СООБРАЌАЈНИ РЕШЕНИЈА ВО ВЕЛЕС

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година, деновиве Општина Велес започна со реконструкција на крстосницата помеѓу улица „Илинденска” и улица „Димитар Влахов” во центарот на градот. Сообраќајното решение предвидува воведување на мини кружен тек, со издигнат средишен остров. На овој начин сообраќајот ќе се подобри. Дополнително, мини кружниот тек има за цел…

ПРОДОЛЖУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА УЛИЦА „БОГДАН КАРАКОСТЕВ”

Градежните работи за изградба на потпорен ѕид кои се одвиваат на улица „Богдан Каракостев” продолжуваат и овие денови. Завршено е бетонирањето на првата половина од ѕидот во должина од единаесет метри, а во позадината на ѕидот се изврши насипување. Во тек се градежните работи на втората кампада (вториот дел), со што проблемот со кој се…

ПОСТАВЕНИ БЕЗБЕДНОСНИ СТОЛБОВИ НА ПЕШАЧКИТЕ ПРЕМИНИ

Општина Велес продолжува со реализација на проекти од безбедноста во сообраќајот. Преку годишната Програма за уредување на градежно земјиште на просторот на Општина Велес за 2019 година, деновиве беа поставени 36 безбедносни столпчиња (еластични столпчиња) пред пешачките премини на повеќе локации во градот. Ова дополнително вертикално одбележување на безбедносните триаголници од хоризонтралната патна сигнализација, преку…

УРЕДУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА АТМОСФЕРСКИ ВОДИ

Согласно Програмата за уредување на градежно земјиште за 2019 година, од вчера, 19 ноември 2019 (вторник) Општина Велес започна со реализација на проект за решавање на проблемот со атмосферските води на улица „Пајак Планина”. Канализациони цевки PEK 400mm и PEK 500mm се поставуваат во должина од 85 метри кои овозможуваат зафаќање на атмосферските води од…

ВО ТЕК ПОВЕЌЕ ИНФРАСТРУКТУРНИ ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

Во тек се неколку градежни зафати на повеќе локации во градот, со цел подобрување на инфраструктурата во Општина Велес.  Градежни работи за изградба на потпорен ѕид се одвиваат на улица „Богдан Каракостев”. Потпорниот ѕид е со висина од околу 3,50 метри и должина од 28 метри. Општина Велес ги известува жителите од овој дел на…

Стартува акцијата за собирање електричен и електронски отпад

Почитувани граѓани, Со цел активно да придонесеме за унапредување на квалитетот на нашиот и животот на новите генерации, Општина Велес и ЈКП „Дервен“ ја спроведуваат традиционалната есенска акција за собирање на отпад од електрична и електронска опрема чие оставање на јавни површини е забрането со закон. Искористете ја можноста овој вид на отпад да го…

Во фабриката за вода – нов озонатор вреден 240 илјади евра

Денеска во Филтер станицата, ДЕ НОРА ТПФ 37, ЈКП „Дервен“ го пушти во употреба новиот генератор за производство на озон вреден 14.750.000 денари или 240.000 евра. Тој ќе го земени сегашниот дотраен стар озонатор кој се користи од 1991 година.  Во изминатиов период претпријатието не располагаше со резервен озонатор, а постоечкиот беше во лоша состојба…

НОВ СОВРЕМЕН ПАТ ЗА СЛИВНИК И РЕГИОНОТ

Заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, пратеникот во Собранието на РСМ, Панче Иванов и градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, денес во просториите на Општина Велес остварија работна средба на која разговараа за…

Започна реконструкцијата на дел од улицата ” Благој Ѓорев”

На потегот од главниот влез на касарната „Алексо Демниевски – Бауман” до надвозникот кон улицата „Луи Пастер”, на дел од улицата “Благој Ѓорев”, во должина од околу триста метри, денес започнаа да се изведуваат градежни работи за реконструкција на завршниот слој на асфалтот. Поради високите температури и движење на тешки товарни возила предизвикано е свлекување…

Градежни зафати на мостот кај бифе „Марија”

Општина Велес ги започна предвидените градежни работи околу реконструкција на тротоарите на мостот во близина на ООУ „Васил Главинов“ (кај бифе „Марија“’). При реконструкцијата ќе биде изваден површинскиот оштетен слој од асфалт, оштетените армиранобетонски плочи ќе се заменат со нови, а за крај на градежните работи ќе се асфалтираат тротоарите. Поради безбедносни причини, реконструкцијата на…