ЈКП Дервен со редовни активности за чист и зелен Велес

„Во рамки на нашите заложби градот да биде чист и зелен, упатувам јавна благодарност до вработените во ЈКП Дервен за активностите кои континуирано ги реализираат”, изјави на денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. Исчистени се диви депонии со градежен шут на излезот од Велес кон Скопје, на влезот во Велес од Штип,…

Акција на ЈКП „Дервен“ во Сујаклари

Со цел да се обезбедат хигиенски услови на јавните површини на највисоко ниво и да се заштити животната средина, во село Сујаклари се спроведуваат активности на генерално чистење на центарот на селото. Согласно Програмата за јавна чистота и Оперативниот план за дезинфекција на Општина Велес веќе неколку денови екипи на ЈКП „Дервен“ спроведуваат активности на…

Дезинфекција на Градскиот пазар

Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен” денес извршија повторно миење и целосно дезинфицирање на просторот на Градскиот пазар во Велес. Мерките и активностите произлезени од заклучоците на Општинскиот штаб за заштита и спасување, а со цел превенција и заштита на населението од ширење на коронавирусот континуирано се применуваат во општината. Општина Велес апелира до…

РАСЧИСТЕНИ ДИВИ ДЕПОНИИ СО ГРАДЕЖЕН ШУТ

Согласно Програмата за управување со отпад за 2020 година, Општина Велес спроведува активности за чистење на дивите депонии од градежен шут. Во претходно спроведена тендерска постапка и избор на економски оператор, започнувајќи од 21 април па во следните десетина дена ќе се изврши чистење на локациите: пристапен пат кон населба Дурутовец, излезот од Велес кон…

СВЛЕЧИШТЕ „ЦУЦКА” – ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАБРАНА ЗА ДВИЖЕЊЕ

Почитувани, Во месноста „Долни дуќани” во тек се градежни работи  за санација на штетите настанати како последица од рушењето на дел од карпата од свлечиштето викано „Цуцка”, при што беше срушен потпорен ѕид, оштетена сообраќајницата на патниот правец Велес – Гевгелија , како и дел од железничката линија. Во фаза на изведување на градежните работи…

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ГРАДЕЖНИ РАБОТИ

Почитувани, Општина Велес ја известува јавноста дека од денес, 14 април 2020 година започнува со изведба на градежни работи за проектот „Одведување на отпадни води од комплексот ‘ВЕЛ СИТИ‘” во должина од 430 метри. Градежните работи, во кои ќе биде вклучена и механизација за работа (градежни машини, камиони и друга механизација) го опфаќаат просторот од…

ИСЧИСТЕНИ ДИВА ДЕПОНИЈА И АТМОСФЕРСКИ КАНАЛ

Согласно Оперативниот план за дезинфекција на територијата на Општина Велес, општината во соработка со ЈКП „Дервен” денес започнаа активности за чистење на дивата депонија во месноста Рамина, како и чистење на атмосферскиот канал во близина на ООУ „Васил Главинов”. Откако ќе заврши чистењето, ќе следуваат активности за перење и дезинфицирање на просторот. И покрај лошите…

Реконструкција на одводна атмосферска коловозна решетка (крстосница кај Стар Мост)

Со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, Општина Велес во соработка со ЈП Македонски железници – Инфраструктура, започна со реконструкција на одводната атмосферска коловозна решетка на улица „Димко Најдов” (крстосница кај Стар Мост) во Велес. Во периодот од 23 до 30 март 2020 година ќе се започне со реализација втората фаза, а со тоа ќе…

РАШТАНИ И БУЗАЛКОВО ДОБИВААТ ВОДА

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес конференција сподели значајна информација за жителите на населените места Раштани и Бузалково. „Министерството за транспорт и врски нè исвести дека е одобрен проектот ‘Изградба на водоснабдителен систем на населените места Раштани и Бузалково од водоводниот систем на град Велес’ на кој проектираната цена е 43.695.280,00 денари…

САНАЦИЈА НА СВЛЕЧИШТЕТО „ЦУЦКА”

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) ги заврши сите постапки, а од Министерството за внатрешни работи е добиена сообраќајна согласност за воведување во работа на изведувачот и започнување на градежните работи за санација на свлечиштето „Цуцка”, како и изградба на потпорен ѕид на регионалниот пат Велес – Градско, соопшти на денешната прес конференција градоначалникот на…