Врз основа на член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Сл.весник на РМ бр.27/14,199/14, 27/16 и 35/18 и 198/18 и „Сл.весник на РСМ бр. 143/19 и 14/20), член 22 и член 23 од Законот за работните односи („Сл.весник на РМ“ бр. 62/2005….. 120/2018 и „Сл.весник на РСМ бр. 110/19, ….288/21), Градоначалникот на Општина Велес, објавува
Ј А В Е Н О Г Л А С бр.02/2023
за прием на работник во работен однос на неопределено
време во општинската администрација на Општината Велес
Општина Велес има потреба од работник за засновање на работен однос на неопределено време за следното работно место:
1.Назив на работно место – Магационер/доставувач, Ниво А2, шифра УПР 04 05 А02 002, Сектор за правни и општи работи, јавни дејности, јавни набавки, информатичка технологија и поддршка на Градоначалникот – Одделение за правни и општи работи и месна самоуправа.
Број на извршители – 1 (еден)
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
Општи услови
-да е државјанин на РСМ,
-активно да го користи македонскиот јазик,
-да е полнолетен,
-да има општа здравствена способност за работното место,
-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
посебни услови:
-стручни квалификации: средно стручно образование (хемиска струка).
работно искуство:
-со или без работно искуство
Распоред на работно време: 40 часовно–неделно работно време,дневно работно време: со почеток од 07:30 – 08:00 часот и завршување на работното време помеѓу 15:30 -16:00 часот
Износот на месечна нето плата за работното место изнесува 20.535,00 денари.
Напомена: Согласно годишниот план за вработување за 2023 година, вработувањето е предвидено за Македонец(ка).
Кандидатите кон Пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена на нотар и тоа:
– Биографија (CV)
– Диплома за завршено образование, оригинал или заверен препис,
– Уверение за Државјанство на РСМ, оригинал или заверен препис,
– Доказ дека не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
– Лекарско уверение како доказ дека има општа здравствена способност за работното место,
– Доказ за работното искуство, евидентирано во Агенцијата за вработување на РСМ, оригинал или заверен препис.
Јавниот огласот трае 3 (три) работни дена од денот на објавувањето во дневен печат (не сметајќи го денот на самото објавување).
Изборот по јавниот оглас ќе се изврши во рок определен со член 23 од законот за работните односи.
Пријавата за вработување може да се преземе од веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk
Кандидатите со пријавата, документација треба да ја достават до архивата на Општина Велес или по пошта на адреса: Општина Велес ул. „Панко Брашнар“ бр.1-Велес, со назнака: „за јавен оглас бр.02/2023“.
Пријавите што нема да бидат поднесени во утврдениот рок ќе се сметаат како неблаговремени и истите нема да се разгледуваат.
За Општина Велес, тел.контакт 043-232 406.