Врз основа на чл.69 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 51/11, 123/12, 93/13, 42/14, 44/15, 129/15 , 39/16, 99/18, 89/22 и 171/22) и член 4 став 11 од Измените и дополнувањата на Законот за квалитет на амбиентен воздух (Сл. Весник на РМ бр.151/21), Градоначалникот на Општина Велес,

 

 

ОБЈАВУВА

Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Велес (2023-2027).

 

 

Се информира јавноста дека ставен е на увид Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух  за  Општина Велес (2023-2027).

Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Велес (2023-2027) е објавен на веб страната на Општина Велес www.veles.gov.mk почнувајќи  од 20.03.2024 год. до 20.04.2024 год.

Сите заинтересирани страни можат да го дадат своето мислење,забелешки и предлози  по Планот за подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух за Општина Велес (2023-2027) и истите можете да ги испраќате на е-маил: opve@veles.gov.mk или по пошта на следната адреса: Панко Брашнар бр.1,  Велес во рок од 30 дена од денот на објавување на оваа информација.

 

Планот за подобрување на квалитетот на воздух за Општина Велес