Согласно Одлуката од градоначалникот на општина Велес бр.08-2593/1 од 19.05.2022 за потребите на проектот “Креативни можности во туризмот”, се одобрува доделување нa договор за јавна набавка на услуги – Подготовка на тендерска документација.
Врз основа на Член 9 став 1 и член 28 став 1 од Законот за Јавни набавки (,,Службен весник на Република Македонија,, бр.136/2007, бр.130/2008, бр.97/2010, бр.53/2011, бр.185/2011…83/2018 ) член 50 од Законот за локална самоуправа, согласно Договорот за грант број CN-2- SO1.3 – SC056 од 03.03.2022 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The Republic of North Macedonia”, за реализација на Проектот „Креативни можности во туризмот”, склучен помеѓу општина Велес, како водечки партнер во проектот и Министерството за развој и инвестиции на Грција, како Управувачкиот орган на ИПА Програмата за прекугранична соработка за Р. Грција – Р.С. Македонија 2014-2020, а согласно одобрениот проектен буџет, се објавува:
ПОКАНА ЗА ПОНУДА за Подготовка на тендерска документација согласно Практичниот водич за процедури за доделување на договор за ЕУ надворешни активности (ПРАГ). Детален опис на предметот на договорот за јавна набавка од оваа Одлука е даден во тендерската документација за конкретниот предмет на набавка.
Истата е достапна во проектната канцеларија во општина Велес – од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 20.05.2022 (Петок). Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена електронски или по пошта.
Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 02.06.2022 до 16.00 часот согласно инструкциите во тендерската документација.
- PART A: INFORMATION FOR THE TENDERER
- PART B: FORMAT OF OFFER TO BE PROVIDED BY THE TENDERER
- CONTRACT DRAFT
Контакт
Општина Велес
043-232 406