Се известуваат граѓаните на Велес дека 24 Седница на Совет на Општина Велес ќе се одржи на 15.11.2022 година, вторник, со почеток во 09:00 часот во Електронската сала на Општина Велес. На Дневен ред на 24 Седница на Советот се 21 точка.
Седниците на Комисиите при Советот на Општина Велес за 24 Седница ќе се одржат на 14.11.2022 година, понеделник, Комисијата за Статут и прописи во 14:30 часот, Комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина со почеток во 11:00 часот, Комисијата за општествени дејности со почеток во 15:30 часот, Комисија за финансирање, буџет и локален економски развој во 09:00 часот, Комисија за спорт и млади во 14:00 часот, Комисија за мандатни прашања во 15:15 часот, Комисија за еднакви можности помеѓу жените и мажите во 15:00 часот во Електронската сала.
Седниците на Комисиите, исто како седницата на Советот, можат да се следат во живо на официјалниот јутјуб канал на Општина Велес.
Повеќе информации може да најдете на следниот линк.