ПРОМОВИРАНА КНИГАТА РАСКАЗИ „ДЕТСТВА“ НА ПОЕТЕСАТА НАТАША БРЕЗОВСКА БОГОЕВСКА

Вистински приказни инспирирани од најубавиот период од животот на секој човек-детството, се вткаени во книгата раскази на поетесата Наташа Брезовска Богоевска. „Детства“ е насловот на првенчето на Богоевска, составена од 16 раскази, секој напишан со едноставен стил носи порака за другарството, емпатијата, одговорноста, пожртвуваноста и за сите оние вредности кои треба да го красат човекот.…