СПОМЕН КОСТУРНИЦАТА ВО ВЕЛЕС ОБЕЛЕЖАНА НА ТУРИСТИЧКАТА РУТА КАКО БРУТАЛИСТИЧКА АРХИТЕКТУРА
Три инфо табли и шест патокази се поставени во градот и пред влезот на Спомен-костурницата во Велес за обележување на монументалниот објект. Таблите се со димензии 150см на 120см, а како и патоказите се испечатени на пластифициран лим. Податоците за костурницата се напишани на три јазици, македонски, англиски и германски. Поставувањето на инфо таблите и…