СВЕЧЕНО ОТВОРЕНА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ИНОВАТИВНИ ПРОДУКТИ ВО ТЕХНОЛОШКО-ТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО ВЕЛЕС
Прехранбено-технолошки центар за развој на иновативни продукти денеска свечено беше отворен во просториите на Технолошко-техничкиот факултет во Велес. Центарот е дел од проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, поддржан од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка. Тој е опремен со лабораториска опрема на која сите заинтересирани актуелни студенти и…