ЗАСАДЕНИ 12 ПОВЕЌЕГОДИШНИ ЛИСТОПАДНИ САДНИЦИ ПОКРАЈ НОВАТА ПЕШАЧКА ПАТЕКА НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ
Со садење на 12 шестгодишни листопадни садници покрај новата пешачка патека на крајбрежјето на езеро Младост, Општина Велес го заокружи садењето за 2021 година. На денешното садење учествуваа градоначалникот Марко Колев, координаторите на советничките групи во Советот на општината, Марјанчо Николов и Димитар Абрашев, претседателката на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите Весна…