ЗАПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ПЕТРЕ ПРЛИЧКО“

Започнаа подготовките за реконструкција на улицата „Петре Прличко“ кај Градскиот пазар. Во тек се земјени работи и подготовка на коловозот пред асфалтирање. Реконструкцијата опфаќа замена на тампонскиот материјал со нов, асфалтирање на коловозот во два слоја. Предвидена е и реконструкција на тротоарите со уличните рабници. Увид во градежните работи денеска изврши градоначалникот Марко Колев.  

СОЦИЈАЛЕН ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ УЧИЛИШТАТА И КОМПАНИИТЕ ВО ВЕЛЕС

Средните стручни училишта, Гимназијата и компаниите од Велес, во просториите на општината, денеска учествуваа на социјален дијалог за да се утврди потребата од профилиран кадар кој ќе ги задоволи потребите на компаниите. Претставниците на училиштата ги истакнаа своите искуства со дуалните паралелки и соработката со социјалните партнери односно компаниите во кои учениците ја реализираат својата…