ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ И ВЕЛЕШКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ НА ЗАЕДНИЧКИ НАСТАН НА ВЕЛЕШКО ЛЕТО 2024

Во рамки на Велешко лето 2024 вечерва ќе се одржи уметничка вечер на Здружението на лица со церебрална парализа и други попречености Велес и Здружението на пензионери насловена „Заедно“. Настанот ќе се одржи во паркот на ООУ „Васил Главинов“ со почеток во 20 часот. Општина Велес ги поканува сите граѓани да ја проследат уметничката вечер…