Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ за 2024 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07,,3/09,18/10 и 1/21), Одлуката за востановување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р Ѓорги Шоптрајанов“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 17/07), Комисијата  за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување награда на Општина Велес за најстудент „Проф.д-р…

Покренување иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2024 година

Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.12/07,3/09,18/10), Одлуката за востановување 9-то Ноемвриски награди и признанија на Општина Велес („Сл.гласник на Општина Велес“ бр. 7/97; 7/01) и Одлуката за востановување награда за животно дело – „Гемиџии“ („Сл.гласник на Општина Велес“ бр.4/03), Комисијата за општествени дејности покренува…

ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ ВО СЕЛО БУЗАЛКОВО

Градежни активности и во село Бузалково. Во тек е ископ на два крака во должина од 110 и 55 метри. По завршувањето на ископот овие два крака ќе се бетонираат. Општина Велес продолжува со инвестирање и во инфраструктурата во руралните средини  кои се важен сегмен во развој на општината.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ ВО ВЕЛЕС

Во периодот од 16 до 22 септември 2024 година, тим од Општина Велес и оваа година организира активности со кои ќе биде одбележана Европската недела на мобилност 2024 (ЕНМ) во тесна соработка со Здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании. Меѓудругото, тимот од Општина Велес обезбеди и достојни донации од општествено одговорни…