ЗДРАВИ И СРЕЌНИ ДЕЦА СО ВОЗЕЊЕ НА ВЕЛОСИПЕД

Со донации во велосипеди, топки, спортски реквизити, маички и житарки, овозможени од општествено одговорни компании, денес продолжија активностите за одбележување на Европската недела на мобилност. Донациите беа поделени во ОЈУДГ „Димче Мирчев” и во сите четири општински основни училишта во градот. Европската недела на мобилност 2021 несебично ја помогнаа општествено одговорните компании „Еуро-Фарм”, „Маркарт Македонија”,…

МОБИЛНОСТ 365

Општина Велес во периодот од 16 до 22 септември, секоја година ја одбележува Европската недела на мобилност. Оваа година со седумдневни активности и со различни целни групи, по деветти пат, тим од Општина Велес со поддршка на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, здруженија на граѓани, општествено одговорни компании, поединци и јавни институции, организира активности…

СО ПОДДРШКА ОД ЕУ И УНДП ЌЕ СЕ ЗАЈАКНУВА ГРАЃАНСКОТО УЧЕСТВО ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС

Градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски денеска потпиша Маморандум за соработка со УНДП за реализација на проектот ReLoad 2 во рамките на „Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан. Со успешниот процес на апликација Општина Велес успеа да се најде помеѓу неколку македонски општини кои добија финансиска поддршка од ЕУ и УНДП за зајакнување…

PUMP TRACK ВО ВЕЛЕС

Во рамките на Европската недела на мобилност, Општина Велес го продолжува проектот за изградба на полигон за велосипеди (pump track). Во Градскиот парк во Велес младите велешани ќа добијат место наменето за забава и рекреација, каде ќе имаат можност да уживаат во своите велосипеди, тротинети, ролери и скејтборди. Полигонот за велосипеди е втор ваков објект на…

СО ПОДДРШКА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ – НОВИ ФИЛМСКИ ПРОЕКЦИИ ВО ВЕЛЕС

Во соработка со Агенцијата за филм, Општина Велес деновиве работи на подготовка на проекции на филмови во кино салата „Бели Мугри“. На  денешната прес конференција, градоначалникот Аце Коцевски ја информираше јавноста дека  во овој момент, компанијата АВЦ ГРОУП ДОО Скопје која ја набави и инсталираше опремата прави проверка на дигиталната опрема  бидејќи од нејзиното инсталирање…

ОДРЕДЕНИ ЛОКАЦИИ ЗА УШТЕ 22 ПОДЗЕМНИ КОНТЕЈНЕРИ

На последната седница на Советот на Општина Велес донесена е одлука за одредување на нови 22 локации за поставување на подземни контејнери во Велес, најави Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. „Сметаме дека со поставувањето на подземните контејнери значително се  подобри сликата со управувањето со отпадот и јавната чистота на локациите каде се поставени и…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ВО МЕЃУНАРОДЕН ПРОЕКТ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО УСЛОВИ НА КОВИД 19

Од страна на германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ Општина Велес е избрана да учествува во меѓународниот проект „Развој на решенија за закрепнување од КОВИД 19 на општинско ниво во областа на дигитализација и управување со кризи“, истакна Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција. Општина Велес успешно го помина процесот на апликација и селекција…

ОПШТИНА ВЕЛЕС ЈА ОДБЕЛЕЖУВА ЕВРОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ 2021

Општина Велес и оваа година ја одбележува Европската недела на мобилност. Во периодот од 16 до 22 септември, во соработка со здруженија на граѓани, јавни институции, поединци и општествено одговорни компании, тим од Општина Велес реализира по една активност секој ден, со што ќе ја одбележи Европската недела на мобилност 2021. Драматизација, едукативни и интерактивни…

ОПШТИНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА СО 7 МЕДАЛИ НА СИНДИКАЛНИТЕ ИГРИ 2021

Вработени во Општина Велес учествуваа на 26 – те спортски игри и средби на Синдикатот на УПОЗ 2021 година кои се одржаа од 09 до 12 септември во Охрид. Единаесет службеници предводени од претседателката на синдикалната организација учествуваа во разни дисциплини и  во конкуренција од околу 300 учесници и 22 екипи од повеќе институции-членки на…

ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ИНСТИТУТОТ „РОМАЛИТИКО“

Во рамките на проектот за инклузија на ромите финансиран од УСАИД, денеска Градоначалникот Аце Коцевски потпиша меморандум за соработка со м-р Елвис Шакири, извршен директор на Институтот за истражувања и анализа на политики „Ромалитико“ од Скопје. Врз основа на меморандумот во наредниот период взаемно ќе се соработува на реализацијата на голем број активности меѓу кои…