ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ЗА КАТНА ГАРАЖА ВО ВЕЛЕС

Општина Велес го направи првиот чекор за изградба на катна гаража, изготвено е идејно решение на постоечка маркица во деталниот урбанистички план во близина на автобуската станица. Со изградба на катна гаража значително ќе се зголеми капацитетот на паркинг просторот во овој дел на градот. Ваквата инвестиција подразбира вложување на големи финансиски средства за кои…

РЕКЛАМНИ ПАНОА НИЗ ВЕЛЕС

На 27 локации низ главните улици на градот ќе бидат поставени дигитално паметни паноа за рекламирање и информирање на граѓаните. Одлуката ја донесоа советниците на последната седница на Советот на Општина Велес. Седум од паноата ќе бидат поставени на земја а 20 на канделабри.  

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА СПОРТСКО – РЕКРЕАТИВНИОТ КОМПЛЕКС ВО ДВОРОВИ

Во тек се градежни зафати за реконструкција на спортско – рекреативниот комплекс во наслеба Дворови. Со проектот е предвидена реконструкција на спортските игралишта со што на постоечкиот асфалт на фудбалското и кошаркарското игралиште ќе се постави тартанска подлога, ќе се изгради нова ограда, ќе се постават нови светлечки столбови со рефлектори и ќе се постават…

ЕКО КАМПОТ НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ЗА ПРЕСТОЈНАТА СЕЗОНА

Општина Велес го даде под закуп Еко кампот на Езеро Младост. Друштвото за трговија и услуги АЛЛ ИН ДООЕЛ Велес е концесионерот кој по завршувањето на јавниот оглас и сите административни процедури, во наредните 10 години ќе стопанисува со овој објект. Градоначалникот Марко Колев утрово одржа прв работен состанок со претставници на Друштвото за трговија…

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПЕШАЧКАТА ПАТЕКА ВО НАСЕЛБА ДВОРОВИ

Во тек е реконструкција на печашката патека во населба Дворови која води до ОСУ „Јовче Тесличков“ преку која ќе има пристап и до спортско-рекреативниот комплекс. Патеката што со години е користена од жителите на оваа населба, учениците и наставниците се поплочува со бехатон плочки.  

СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВЕН КОМПЛЕКС ВО НАСЕЛБА ПРЕВАЛЕЦ

Наскоро ќе започнат градежните работи за спортско –рекреативниот комплекс во населба Превалец. Градоначалникот Марко Колев, заедно со општинските служби денеска беа на предвидената локација за реконструкција на спортските терени на кои ќе се поставува нова урбана опрема. Изведувачот на градежните работи е избран и во наредните денови ќе се отпочне со работа на терен. Со…

ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ ПОСТАВЕНИ НА ОУ „ЛИРИЈА“

Поставени се фотоволтаични панели на кровот на ОУ „Лирија“ во село Бузалково. Во тек се и градежни активности за реконструкција на стариот дел од училишната зграда. Градоначалникот Марко Колев, заедно со советникот Невзат Муаремовски и директорот на училиштето Иљаз Мемети, денеска изврши увид во градежните работи. Фотоволтаични панели се поставени и на ООУ „Васил Главинов“,…

ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРААТ СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ“

Ќе се реконструираат спортските терени во ООУ „Васил Главинов“. Реконструкцијата опфаќа поставување на вештачка трева на фудбалското игралиште, поставување на најсовремена пластична подлога на кошаркарското игралиште, одобрена од Меѓународната кошаркарска федерација – FIBA, како и реконструкција на уште еден повеќенаменски спортски терен. Просторот дополнително ќе биде збогатен и со фитнес зона. Учениците и граѓаните од…

ЗАВРШУВААТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА УЛИЦА НЕВЕНА ГЕОРГИЕВА ДУЊА

Во завршна фаза се градежните зафати на тротоарите  на улица „Невена Георгиева Дуња“ . Со градежните работи се изврши поплочување со бехатон плочки на вкупна површина од 300 метри квадратни со цел безбедно движење на пешаците во овој дел на градот. Општина Велес продолжува со реализација на планираните активности во служба и во корист на…

СПОРТСКИТЕ ТЕРЕНИ ВО НАСЕЛБА ТУНЕЛ СО НОВ ЛИК

Спортските терени во населба Тунел го добија новиот лик. Жителите од овој дел на градот имаат можност да спортуваат и рекреираат во комплетно уреден терен за мал фудбал и за кошарка. Терените се обложени со гумирана подлога а набавени се и нови спортски реквизити. Од страните на терените поставени се трибини за гледачите,  како и…