ЌЕ СЕ РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА ЛУЈ ПАСТЕР ВО КЕРАМИДНА

Ќе се реконструира улицата „Луј Пастер“ во населба Керамидна во должина од 945 метри. Пред реконструкцијата на улицата старата дотрајана водоводна мрежа ќе биде заменета со нова, потоа  на улицата ќе се постеле нов асфалт а истовремено  ќе се прошири со цел да се добие поголем проток и безбедност во одвивање на сообраќајот. Реконструкцијата ќе…

КОМПЛЕТНО РЕНОВИРАНА СПОРТСКАТА САЛА НА СОУ „ГИМНАЗИЈА КОЧО РАЦИН“ И ССОУ „ДИМИТРИЈА ЧУПОВСКИ“

Целосно е реконструирана спортската сала на СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“ со што се обезбедија современи услови за одвивање на спортски активности. Во рамки на градежните активности се замени стариот со нов под, комплетно се постави ново греење, се реновираа тоалетите, гардеробите и ходниците. За секој ученик се постави и ново шкафче…

СЕ РОДИ ПРВОТО БЕБЕ ВО ВЕЛЕС

Се роди првото бебе во Велес во новата година. На одделението за гинекологија и акушерство во Општа болница Велес попладнево, точно во 12:30 часот, се роди здраво машко бебе, трето дете во семејството Јакимовски од светиниколското село Пеширово. Бебето е тешко 3 килограми и 280 грама а долго е 52 сантиметри. Мајката и бебето се…

СТАРТУВА ИФФ ВЕЛЕС 2023

Традиционални ора и песни од различни нации и култури и автентични народни носии ќе бидат дел од 18 издание на Интернационалниот фолклорен фестивал „Велес 2023“. Од 5 до 8 јули годинава Велес ќе биде центар на богатиот народен фолклор на ансамблите од Македонија, Хрватска, Словачка, Босна и Херцеговина, Северен Кипар и Мексико. Свеченото отворање на…

ВЕЛЕС – НОВO ПОГЛАВЈЕ ВО ПРОМОЦИЈАТА НА ЕВРОПСКИТЕ ВРЕДНОСТИ, ОТВОРЕНА ЕВРОПСКА КУЌА ВО ВЕЛЕС

Од минатата седмица Велес стана дом на петтата Европска куќа (Europe house), со што се зајакнува мисијата на Делегацијата на Европската унија за поврзување на младите со Европската унија и вредностите што ги носи Унијата. Надоврзувајќи се на инспиративните примери на Европските куќи во Скопје, Струмица, Крива Паланка и Битола, отворањето на Европска куќа Велес…

ОДБЕЛЕЖАН МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА АЛЗАС

Во организација на Општина Велес и Асоцијацијата АЛМА (Алзас Македонија) денеска беше одбележан меѓународниот ден на Алзас 2023.  На настанот кој се одржа во француското катче при Локалната библиотека „Гоце Делчев“ присуствуваа Бранко Чобанов, аташе за култура при француската амбасада и  претставник на францускиот институт и Љупка Димова, аташе за развој на францускиот јазик. На…

ПРЕТСТАВЕНИ ПРОЕКТНИТЕ ИДЕИ НА ГРАЃАНСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ ВО РАМКИ НА ПРОЕКТОТ „ReLOaD2”

Четириест и пет граѓански организации од осум општини имаа можност да ги претстават своите проекти за млади, социјална кохезија и инклузија, човекови права, заштита на животната средина, култура, туризам, кои ги имплементираат во рамки на Регионалната Програма за локална демократија во Западен Балкан „ReLOaD2”. На настанот кој се одржа во просториите во Европска куќа, Скопје,…

Започнува изградбата на Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство!

Центарот за развој на Вардарски плански регион и фирмата за изведба, АС Машини од Кавадарци денес го потпишаа договорот за изградба на овој регионален центар, прв од ваков вид во Македонија, кој е предвиден да се изгради во наредните 6 месеци. Вредноста на центарот е близу 15 милиони денари, средства обезбедени од Швајцарската амбасада и…

Помошното игралиште во Градски парк добива нов лик!

Пристигна вештачката трева за култното игралиште во Градски парк, народски познато како ракометно која ќе биде поставена деновиве. Со поставување на оваа современа подлога велешани ќе добијат уште еден модерен терен за спорт и рекреација.

ПАКЕТИ СО ХРАНА И ЗА ЖИТЕЛИТЕ НА СЕЛО БЕЛЧЕВИШТА

Пакети со храна денеска беа доставени и до жителите на село Белчевишта. Подолг временски период осум жители од селото беа отсечени од градот поради штрајкот на железничарите и несообраќањето на возовите. Претставници на  Општина Велес и  на ОО на Црвен крст Велес и со поддршка на теритпријалната противпожарна единица, и покрај непристапниот пат, стигнаа до…