КООРДИНИРАНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ПОЧИСТ И ПОУБАВ ВЕЛЕС ПРОДОЛЖУВААТ

Во текот на изминатите десетина дена заедно со службите на ЈКП Дервен: – Исчистени се диви депонии на улиците Никола Карев, Благој Кирков, Петре Прличко и 8ма Велешка бригада, влезовите на гаражите под плочникот на ул.11 Октомври, под градските гробишта кај с.Раштани и каналот кај Потокот во два наврати – Генерално чистење на улиците Илинденска,…

ОДРЖАНА РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ

Во рамки на отпочнатите активности од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за изработка на нов просторен план на Република Македонија денес во Општина Велес се одржа работна средба со заменик министерката, д-р. Христина Оџаклиеска, советот на Центар за развој на Вардарски плански регион и работната група за следење, водење и насочување…

ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА РЕКВИЗИТИ ЗА РЕКРЕАЦИЈА НА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Општина Велес ги предаде на користење опремата и реквизитите од проектот „Инклузивен смарт туризам, рекреативни содржини и услуги за еднаков пристап до туристичката атракција Езеро Младост“, на Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености – Велес  во соработка со Здружението за безбедност на вода и планини „Македонски спасител“ – Велес и Сојузот за…

КОХЕЗИЈА МЕЃУ ОПШТИНАТА И БИЗНИСОТ ЗА ПОГОЛЕМ ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Градоначалникот Марко Колев денес беше во посета на компанијата Маркарт во индустриската зона Караслари на состанок со генералниот директор на компанијата во Македонија, г-дин Волфганг Аицхер. Од исклучително значење е кохезијата меѓу локалната самоуправа и бизнис секторот, поради што во наредниот период градоначалникот Колев ќе оствари работни состаноци со повеќе компании од Општината. Целта на…

ОДРЖАНА ЈАВНА ТРИБИНА „УЧИ ПАМЕТНО, РАБОТИ СТРУЧНО“

Големата цел на образованието не е само знаењето, туку и акцијата. Токму затоа од клучно значење е квалитетот на средното стручно образование од една страна и соработката со бизнис секторот од другата страна. За таа цел, Општина Велес денес беше домаќин на јавна трибина “Учи паметно, работи стручно” во организација на Министерството за образование и…

ВО ЗАВРШНА ФАЗА ПРОЕКТ ЗА ОТВОРАЊЕ НА ИТ ЦЕНТАР ЗА МЛАДИ ТАЛЕНТИ

Во завршна фаза е одобрувањето на проект со кој ќе се направи целосна реконструкција на објектот на поранешната Народна кујна, кој ќе се пренамени во ИТ центар за млади таленти. На денешната седница на Советот за развој на Вардарски плански регион беше донесена одлука за учество на Центарот во проектот „Креирање на иновациски екосистем за…

ЖИТЕЛИТЕ НА СОПОТ ЌЕ ДОБИЈАТ ВОДОВОД

Градоначалникот Марко Колев  го потпиша Договорот за грант со Министерството за финансии за изградба на водоснабдителен систем во населеното место Сопот. Грантот  во висина од  12.420 842 денари е доделен од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка) во рамки на вториот проект за подобрување на општинските услуги. Дел од средствата на…

НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЦАТА ОД ДЕТСКОТО ОДДЕЛЕНИЕ НА ВЕЛЕШКАТА БОЛНИЦА

Градоначалникот Марко Колев заедно со членови на Советот на Општина Велес денеска ги посети децата кои се лекуваат во детското одделение на Општа болница Велес. Им посака што побрзо да оздрават и им подари новогодишни пакетчиња. Општина Велес традиционално им ја честита Новата година на дечињата од детското одделение со желби за добро здравје и…

ОСУМГОДИШНИОТ МАРКО ЗАФИРОВ РЕПУБЛИЧКИ ПРВАК ВО ШАХ

Со медалот за освоено прво место на Републичкото првенство во шах за млади до осум години, третоодделенецот  Марко Зафиров денеска се сретна со Градоначалникот Марко Колев. Малиот Марко му раскажа на Градоначалникот за својата пасија во играње шах, што ја научил од својот дедо. Покрај шахот како хоби, кое му носи бројни пофалници и признанија,…

ООУ „РАЈКО ЖИНЗИФОВ“ ВО Г.ОРИЗАРИ СО НОВ СИСТЕМ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ

Градоначалникот Марко Колев денеска беше во работна посета на општинското основно училиште „Рајко Жинзифов“ во Горно Оризари, во кое се реконструира машинската сала за парно греење. Се монтираат топловодни пумпи кои ќе работат на систем воздух – вода, со кои во голема мера ќе се заштеди гориво. Инвестицијата е вредна 2.200.000 денари,финансиски средства на училиштето.…