СТАРТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА ВО УСЛОВИ НА ПАНДЕМИЈА

„Новата учебна година започна успешно  во сите основни и средни училишта на територијата на Општина Велес“, рече денеска на прес конференција Градоначалникот Аце Коцевски.  Тој нагласи дека освен помали пречки, вклучително проблемите предизвикани од пандемијата на вирусот Ковид 19, не се забележани поголеми предизвици во наставниот процес. Сите учебници по новите наставни планови и програми…

КОЦЕВСКИ СО АПЕЛ ДО ГРАЃАНКИТЕ И ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ГО БОЈКОТИРААТ ПОПИСОТ

На денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски изрази задоволство што најголемата статистичка операција, Пописот на населението, имотот и домаќинствата, успешно започна на територијата на Општина Велес. На првиот ден од пописот ниту еден од попишувачите не бил вратен од домовите на граќаните и  податоците биле успешно внесени во системот. Коцевски потенцираше дека во Велес се обезбедени…

КОЦЕВСКИ СО ОТВОРЕНА ПОКАНА ДО СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВЕЛЕС

На денешната прес конференција, Градоначалникот Аце Коцевски, во духот како што рече на најдобрите европски практики и како што ѝ доликува на Општина Велес како една од најтранспарентните општини во државата, упати отворена покана до сите кандидати за градоначалник на Општина Велес на претстојните локални избори: „Би сакал да упатам еден повик и би сакал…

ЌЕ СЕ ЗАМЕНУВА СТОЛАРИЈАТА ВО ООУ „ВАСИЛ ГЛАВИНОВ

Во рамки на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2021 година – енергетска ефикасност, Општина Велес ќе користи финансиски средства во висина од 2.341.543 денари кои ќе бидат наменети за замена на столаријата во ООУ „Васил Главинов“. Изборот на општини е направен по објавениот јавен повик на Владата на Република Северна Македонија  и рангирање на…

ПЛАНИНАРСКИ МАРШ ДО ЛОПУШНИК ВО ЧЕСТ НА РАЦИН

Седумдесет и осум годишнината од загинувањето на револуционерот и поет, Коста Солев Рацин и годинава традиционално се одбележа со еднодневен планинарски Марш во чест на Рацин од Велес до Лопушник, Кичево, местото на неговото погибје. Маршот го организираше еколошката групација „Грин Пауер“ од Велес со финансиска поддршка на Општина Велес, а на велешките екологисти им…

МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА „СИНТЕЗИ: РАЦИН И КОНЕСКИ“

Во рамки на 58-то издание на Рацинови средби денеска се одржа меѓународната научна конференција „Синтези: Рацин и Конески“, во фоајето на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Конференцијата е во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, а е поддржана од Министерството за култура, Општина Велес и театарот „Ј.Х.К. Џинот“.  На конференцијата, посветена на двајцата…

СЕ ОДРЖА ПРВАТА ТРКА ОД ЕНДУРО ШАМПИОНАТОТ НА ЕЗЕРО МЛАДОСТ

Во организација на Мото клуб Мото Велес денеска се одржа првата трка од Ендуро шампионатот за 2021 година. Четириесетина мотоциклисти од цела држава, во три класи, се натпреваруваа на патеката мотокрос Мото-Велес, на ридовите на Езеро Младост. Натпреварувајќи се до целта,во времетраење од од 3,5 часови, тимовите постигнаа врвни резултати. Сепак првото место во трите…

НОВ ЛЕТНИКОВЕЦ НА РИДОТ „СВЕТИ ИЛИЈА“

Во Општина Велес се изгради вториот летниковец, поставен на потенцијално излетничко место, ридот „Свети Илија“. Летниковецот е поставен на атрактивно место каде жителите на Велес ќе можат да рекреираат, пешачат и одморат на еден од велешките ридови, на 565 метри надморска височина. Активностите се реализирани од проектниот тим на Локална Акциона Група ВАРДАР ЛЕАДЕР, а…

ЛЕТНИКОВЦИ НА ВРШНИК И НА СВ.ИЛИЈА

Деновиве привршува поствавувањето на два летниковци на потенцијалните излтнички места на Велешани – рид Вршник и рид св.Илија. Со ова љубителите на природата и планинарењето ќе имаат повеќе избор за рекреација во слободно време . Во близина на летниковците ќе бидат поставени и по 4 столбови  со фотоволтаични светилки на сончева енергија со што овие…

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ КОЦЕВСКИ ДОДЕЛИ 35 ТАБЛЕТИ ЗА УЧЕНИЦИ ОД РОМСКА ЕТНИЧКА ЗАЕДНИЦА НА ООУ „ПАНКО БРАШНАРОВ“

Општина Велес му предаде 35 таблети на Општинското основно училиште „Панко Брашнаров“ кои се дел од Програмата Ромактед. Таблетите се набавени преку проектот „Реконструкција на тоалетите во соблекувалните на ООУ „Панко Брашнаров“. Учеството на Општина Велес за компјутерската опрема изнесува 33.985,,00 денари. Таблетите се наменети за потребите на учениците од ромска етничка припадност кои учат…